Пронајден е нов ефективен начин на ослободување од стресот

Пронајден е нов ефективен начин на ослободување од стресот

Психолозите отсекогаш велеле дека кога партнерите спијат прегрнати, тоа е знак на топла и емотивна љубовна врска. Се чини дека спиењето на тој начин е исто така добро и за вашето здравје.

Пронајден е нов ефективен начин на ослободување од стресот

Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Питсбург, спиењето во прегратките на вашиот сакан го намалува нивото на кортизол, односно хормонот кој предизвикува стрес во крвта. Ова е веројатно последица од чувството на апсолутна сигурност кое го добиваат луѓето кои спијат на овој начин. Од друга страна, пак, зголеменото ниво на кортизол може да доведе до срцеви заболувања, депресија и намалување на имуниот систем.

Научниците исто така откриле дека ваквото спиење му помага на телото да произведе окситоцин, „љубовниот хормон“, кој е одговорен за емоционалната приврзаност. Овој хормон го стимулира имуниот систем и може дури и да ја подобри работата на дигестивниот систем.

Ова се дефинитивно одлични причини зошто би требало да заспивате во прегратките на вашата сакана личност секоја вечер. Токму затоа љубовта не е само пријатно чувство, туку носи и голем број здравствени придобивки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар