Природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!

Единствено по својата убавина, нереалната природа, но и специфична карпа која привлекува многу љубители на скокањето од карпи, островот Вила Франка до Кампо е еден од најубавите острови што нудат ваква можност. Изгледа како мал рај на Земјата.

Откако овде првпат било одржано светското првенство во скокање од карпи, многубројни туристи сакаат да скокнат во вода од 20-тина метри високата карпа. Островот Вила Франка до Кампо е вистински мал рај на Земјата за љубителите на летните морски активности. Се наоѓа преку патот на истоимениот град, односно отприлика на 1 километар од брегот на најголемиот остров Азора – Сао Мигел.

Овој вулкански остров е стар околу 4.000 години и претставува најголема туристичка атракција во Сао Мигел. Внатрешноста на островот сокрива речиси совршено кружно природно езеро (кратер на потопен вулкан) кој е поврзан со Атлантскиот океан преку тесен премин.

Благодарение на богатата флора и фауна која го опкружува островот е класифициран како природен резерват. Таму можете да видите голем број на различни видови птици, а поради богатиот подводен свет сите ги привлекува и сите оние коишто сакаат да нуркаат.

Од јуни до септември од градот Вила Франка до Кампо се организираат редовни бродски тури околу островот, а картата чини неполни 10 евра. Погледнете ги следниве фотографии од ова неверојатно место и уживајте!

Дознајте и кој е најубавиот остров во светот.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар