Приказна која ќе ви го промени животот: Кој е посреќен, враната или паунот?

Приказна која ќе ви го промени животот: Кој е посреќен, враната или паунот?

Никој не е ниту толку среќен, ниту толку несреќен колку што мисли. Среќата е релативен поим и секој човек индивидуално ја доживува. За некои луѓе станува збор за материјални нешта, успех на работа, добар автомобил или егзотично патување, додека пак за други среќата е составена од мали ситници. Прочитајте ја оваа приказна за Паунот и Враната која со сигурност ќе ве натера да се замислите за начинот на кој го живеете вашиот живот…

Приказна која ќе ви го промени животот: Кој е посреќен, враната или паунот?

Враната живеела во шума и била целосно задоволна од својот живот. Еден таа забележала лебед. „Овој лебед е толку многу бел, а јас сум толку многу црна“, си помислила таа. „Тој мора да е најсреќната птица на светот.“ Токму тогаш таа ја споделила својата мисла со лебедот. „И јас мислев дека сум најсреќната птица сè додека не го видов папагалот. Тој има две бои и прекрасен е. Мислам дека папагалот е најсреќната птица која некогаш постоела“, ѝ одговорил лебедот. Враната тргнала во потрага по папагалот и кога го нашла, тој ѝ објаснил дека живеел среќен живот сè додека не го видел паунот. „Јас имам само две бои, додека пак паунот има многу повеќе.“

Враната отишла во зоолошката градина за да го посети паунот и забележала дека илјадници луѓе се собираат околу него и се восхитуваат на неговата убавина. Откако луѓето си отишле, враната му се приближила на паунот. „Драги паун, ти си прекрасен. Секој ден илјадници луѓе доаѓаат да те видат. Кога луѓето ќе ме видат мене, одма ме бркаат. Мислам дека ти си најсреќната птица на светот“, му рекла враната. На тоа паунот ѝ одговорил: „Јас отсекогаш сум мислел дека сум најубавата и најсреќната птица на светот. Но, поради мојата убавина, јас сум заробен во оваа зоолошка градина. Откако го набљудував ова место каде живеам, сфатив дека враната е единствената птица која не е во кафез. Токму затоа веќе некое време размислувам за тоа како би бил посреќен доколку сум врана и летам каде што ќе посакам.“

(1) Приказна која ќе ви го промени животот: Кој е посреќен, враната или паунот?

Овој проблем многу често се случува и помеѓу луѓето. Ние правиме непотребни споредби со другите луѓе и поради тоа се растажуваме и престануваме да веруваме во нас. Сè ова води кон затворен круг од несреќа. Доколку научите како да бидете среќни со тоа што го имате и престанете да го гледате тоа што го немате, тогаш големи се шансите дека вашата среќа секојдневно само ќе расте. Секогаш ќе постои некој кој има повеќе или помалку од она што го имате вие. Но, личноста која е задоволна со она што го има е и најсреќната личност на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар