Претворете ги старите делчиња од сложувалка во најслаткиот венец за Денот на вљубените

Се ближи Денот на вљубените, а вие немате поим што да им подарите на вашите сакани. Не сакате да трошите премногу пари за подарок што знаете дека нема да им користи, но немате идеја како да ја употребите вашата креативност. Веројатно знаете дека подароците што се направени од срце најмногу ги радуваат луѓето. Па затоа, нема да погрешите доколку ја претворите вашата стара сложувалка во прекрасен љубовен подарок.

Претворете ги старите делчиња од сложувалка во најслаткиот венец за Денот на вљубените

Што ви е потребно:
  • Стара сложувалка
  • Хамер
  • Панделка во боја што ќе одговара
  • Пиштол со топол лепак
Упатство за работа:

1. Нацртајте поголемо срце на хамерот. Исечете го срцето така што ќе почнете со сечење 0,5 центиметри надвор од линијата. Преклопете го срцето на половина и сечете 0,5 центиметри внатре во линијата. Отворете го срцето

2. Одберете делчиња од сложувалката во бојата што најмногу ви се допаѓа. Со помош на пиштолот со топол лепак, залепете ги делчињата на хамерот, така што ќе ги редите што е можно поблиску без да се преклопат.

3. Залепете уште еден слој на делчиња од сложувалка за да ги покриете празнините во првиот слој.

Направете панделка и ставете ја на венецот. Ако сакате да го закачите венецот на нешто, врзете ја панделката на врвот од срцето.

Доколку сакате да го изненадите партнерот на поинаков начин, следниве идеи за креативни состаноци за Денот на вљубените можеби ќе ви помогнат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар