Престанете да ги правите: Грешки кои најчесто ги правиме додека фотографираме селфи фотографии

Нема личност која остана имуна на селфи фотографиите, а уште помалку луѓе кои не го користат секој можен момент за да направат совршенo селфи. Меѓутоа, многумина од нас, свесно или несвесно, при фотографирањето селфи умееме да направиме грешки кои може да нè чинат лоша фотографија. Овие грешки се едни од најчестите.

1-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

1. Стоите во мрак

Грешка која е толку многу очигледна, а која на сите нас порано или подоцна ни се случува. Секогаш настојувајте вашето осветлување во моментот на фотографирањето да биде добро, а најдобро е тоа да биде природно. Едноставно, осветлувањето е најдобриот бјути производ кој можете да си го дозволите, и тоа бесплатно. Уште подобра варијанта е селфи фотографијата да ја фотографирате на сончева светлина.

2-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

2. Темно е, а не користите Снепчет

Доколку се наоѓате во темна просторија или гледате филм, најдоброто нешто што може да го направите е да ја осветлите вашата фотографија со помош на Снепчет. Така вашата фотографија ќе биде осветлена, а патем можете и да си играте со боите и нијансите.

3-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

3. Не користите филтри

Некои наши фотографии од себеси подобро изгледаат без филтер, но тоа не значи дека не треба малку да го обработите вашето селфи. За тоа постојат бројни апликации, а на вас останува да одлучите колку и какви промени ќе внесете.

4-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

4. Или ставате премногу филтри

Баш како што не треба да не ставате филтер воопшто, исто така не треба ни да претерувате со филтрите, бидејќи во спротивно вашата фотографија ќе се обезличи. Потребно е само благо да ја коригирате вашата фотографија, а не да ја поминете низ 55 филтри и на крајот да не личите на себе. Треба да изгледате како човек, а не како лик од анимиран филм.

5-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

5. Не водите сметка за аглите

Најдобриот совет за правење селфи фотографии кој може да го земеме од Ким Кардашијан е дека треба да водиме сметка за аглите од кои го фотографираме нашето селфи. Секогаш држете ја брадата спуштена, а телефонот подигнат, а добра идеја е и за таа цел да користите слефи стап.

6-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

6. Правите само едно селфи

Кајли Џенер е најдобриот пример за девојка која никогаш не се потпира само на едно селфи. Затоа секогаш настојувајте да фотографирате неколку различни селфи фотографии, а потоа од најдобрите помеѓу нив да изработите колаж кој ќе го поставите на социјалните мрежи. Ако се одлучите само за едно слефи, тогаш добро размислете пред да го објавите.

7-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

7. Правите чудни изрази

Иако си земете слобода да правите различни фацијални експресии, потрудете се вашето лице на слефи фотографиите да не изгледа чудно или искривено. Во ред е да праќате бакнежи или да се смеете, а уште еден добар трик е да замижите пред да се фотографирате, бидејќи тоа ќе направи да изгледате поубаво на фотографиите.

8-prestanete-da-gi-pravite-greshki-koi-najchesto-gi-pravime-dodeka-slikame-selfi-fotografija-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар