Прекрасни цитати од психотерапевтот Тони Робинс што ќе ви ја променат перцепцијата за животот - Part 2

Прекрасни цитати од психотерапевтот Тони Робинс што ќе ви ја променат перцепцијата за животот

Прекрасни цитати од Тони Робинс кои ќе ви ја променат вашата перцепција за животот

„Кога го казнувате вашиот партнер, го уништувате вашиот однос.“

„Можеме да се бориме против темнината или можеме да запалиме светло.“

„Сѐ што ќе кажете после ‘Јас…’ се претвора во вас.“

„Јас го создадов Тони Робинс. Тој не се појави од каде било.“

„Не можете да ги благословите другите, ако и самите не чувствувате благослов.“

„Секоја мисла која ја мислиме и секоја одлука која ја донесуваме, произлегува од нашите верувања и вредности.“

„Вредностите се емоционална состојба која или сакаме да ја зголемиме или да ја избегнеме.“

„Вредностите управуваат со нашите одлуки. Одлуките ја создаваат нашата судбина.“

„Не сме свесни за многу од нашите вредности.“

„Насоката е еднаква на дестинацијата.“

„Вашето лично страдање расте како сложена камата. Не можете да страдате самите, а да не им наштетете на другите.“

„Една личност не се развива додека сѐ се одвива добро. Таа се формира во текот на тешкотиите.“

„Духовната сила доаѓа од душевната болка.“

„Секоја болка може да стане извор на сила, ако пронајдеме начин да растеме низ неа.“

„Јавно се наградуваме за она што го правиме од ден на ден во самотија.“

„Тешко е да ги сакате другите, ако не знаете да се сакате себеси.“

„Женската енергија е отворено срце. Вклучете ја само вашата глава и ќе стекнете машка енергија.“

„Желбата е енергија.“

„За да ја остварите својата визија, таа не треба да биде само ‘за вас’.“

„Барањата во врската се товар кој ја уништува страста.“

„Постојат 3 основни работи што го уништуваат мажот во односите: Критика, контрола и затвореност. Постојат 3 работи што ја уништуваат жената во односот: Недостаток на разбирање, игнорирање и незаштитеност. Постојат 3 димензии на љубовта: Моите желби/потреби се примарни, твоите и моите желби/потреби се подеднакво важни и твоите желби/потреби се исти со моите желби/потреби. Исполнувањето на желбите, како на едниот, така и на другиот прави да циркулира енергијата во односите.“

„Одлуката донесена од страв (освен ако е поврзана со опасност по живот), секогаш е погрешна одлука.“

„Врските ни ги даваат најважните лекции во животот. Мораме да се научиме да даваме и да сакаме безусловно.“

„Правете го она што сте го правеле на почетокот на вашата врска и таа никогаш нема да заврши.“

Прекрасни цитати од Тони Робинс кои ќе ви ја променат вашата перцепција за животот

Неколку прашања и препораки:

1. Кој е најзначајниот настан кој влијаел на формирање на вашите одлики? Дали е тоа добро или лошо случување? Дали може да го протолкувате како добро, за да ви дава сила, а не да ви ја одзема?

2. Напишете две писма на најважните личности во вашиот живот. Кажете им за лојалноста кон вашите аспирации.

3. Сетете се на некој успех во својот живот. Благодарение на што сте успеале? Сигурно сте биле фокусирани на успехот, а не на стравот. Употребете го тоа за своите нови цели и желби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар