Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Приказната на Дејвид Чарлс Хан (1976-2016) е навистина необична. Ова момче, уште од најрана возраст, било фасцинирано од хемијата и науката и спроведувало многу хемиски експерименти само за забава. Сепак, никој не очекувал дека еден ден ќе изгради целосно функционален нуклеарен реактор во неговиот двор.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Во 1994-та година, во шупа до куќата на мајка си, тогаш 17-годишниот Дејвид направил нуклеарен реактор од батерии, стари часовници, фенери, ураниум од Чехословачка и самолеплива лента. Приказната го привлекла вниманието на медиумите и Дејвид бил наречен „Радиоактивно момче“.

Дејвид отсекогаш бил опсесивно, несмасно дете што сакало проекти. Дури и на возраст од 6 години бил познат по спроведувањето експерименти и имал голема љубов кон хемијата. Бидејќи неговите родители се развеле, тој дополнително барал утеха во неговите експерименти.

Тој живеел со неговата мајка и нејзиниот дечко за викендите, а мало дете во нова област без пријатели секогаш е осамено. Па, на 10-годишна возраст од дедо му ја добил книгата „Златната книга на хемиски експерименти“ (The Golden Book of Chemistry Experiments) со цел да се забавува во текот на викендите.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Тој го претворил подрумот на мајка му во лабораторија. Кога бил постар разнесувал весници, работел во ресторани за брза храна и барал други работи за да може да купува залихи за неговото хоби.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Дејвид го минувал слободното време правејќи хемиски експерименти. Неговите родители често слушале мали експлозии кои доаѓале од спалната и подрумот. Најекстремниот случај бил кога речиси ја разнел лабораторијата, направил значајна штета во подрумот и бил хоспитализиран. Ставил малку црвен фосфор (горниот дел од чкорчињата) во стаклен сад и почнал да го тресе. Садот експлодирал оштетувајќи му ги дланките, имал парчиња стакло во очите и предизвикал пожар.

Најчесто ова е момент кога другите семејства би му забраниле на Дејвид да ги изведува лудите експерименти. Но мајка му само му рекла да се префрли во колибата надвор.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Кога имал 14 години добил награда бидејќи изградил модел на нуклеарен реактор и напишал неколку текстови за нуклеарна фисија и нуклеарна енергија… и ова му дало луда идеја.

Дејвид сакал да изгради вистински нуклеарен реактор, и бидејќи не бил надгледуван од родителите, го направил тоа. Но, како?

Преправајќи се дека е професор по физика, најпрво ѝ се јавил на Комисијата за нуклеарна регулација и тие му кажале како да изгради разни делови од реакторот. Му кажале и како да го изолира радиоактивниот материјал.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Со цел да ги добие материјалите им пишувал на разни агенции за да одбие мало количество радиоактивни материјали. Потрошил над 1.000 евра на батерии за да може да допре до литиум и купил неколку часовници што светат во темно од 1950-тите во кои имало малку радиум. А порачал и ураниум од Чехословачка. Ги искористил овие материјали заедно со други, како самолеплива лента, за да го направи реакторот… и тој работел.

Изградил навистина опасно нешто во неговиот дом, а нивото на радијација само продолжувало да расте. По една недела, Дејвид можел да го забележи од неговата спална. Почнал да се загрижува дека можеби им пречи на другите. По еден месец забележал радијација и 5 куќи подолу од неговата, па почнал да го расклопува реакторот.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

На 31-ви август, 1994-та година во 2 часот наутро, Дејвид почнал да го товара неговиот реакторот во автомобил. Неговите соседи мислеле дека краде гуми, па викнале полиција. Тој им рекол да не му го пребаруваат автомобилот бидејќи е радиоактивен. Поради ова полицијата помислила дека станува збор за бомба и повикала единица за бомби.

Подоцна обвинувањата биле тргнати, под услов Дејвид да не оди кај мајка му додека не се исчистат нуклеарните материјали. На комисијата за нуклеарна регулација ѝ биле потребни 2 месеци.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Но, приказната на Дејвид не завршува овде. Во 1995-та Американската агенција за заштита на околината сакала да открие дали Дејвид има несакани последици од неговиот луд експеримент. Одбил, но бил доволно здрав за да ѝ се приклучи на морнарицата на САД со желба да работи на нуклеарни реактори. За жал не успеал да ја добие таа позиција.

Пред 20 години момче изградило нуклеарен реактор во неговиот двор и го направило соседството радиоактивно

Дејвид починал во 2016-та година. Иако постоеле шпекулации дека смртта е поврзана со неговиот нуклеарен реактор, тој починал од труење со алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар