Поучна приказна: Судбината на едно дрво

Поучна приказна: Судбината на едно дрво

Еден дрвосечач и неговите помошници отишле во шумата да бараат градежен материјал. Тие таму виделе едно дрво чиешто стебло било толку големо што пет мажи не можеле да го обиколат држејќи се за раце и толку високо што ги допирало облаците.

Поучна приказна: Судбината на едно дрво

Гледајќи ја ситуацијата, главниот дрвосечач рекол да не губат време на тоа дрво, бидејќи би им било потребно многу време за да го пресечат. Од друга страна пак, од него не би можело да се направи чамец бидејќи би потонал од тежината, а ако одлучат да го користат за кров на некоја куќа, тогаш ѕидовите би требало да бидат премногу дебели. Така групата дрвосечачи продолжила понатаму, па додека оделе едниот од помошниците рекол: „Толку големо стебло, а не служи за ништо“. На тоа главниот одговорил: „Грешиш. Тоа дрво на сопствен начин ја следело својата судбина. Кога би било како другите, ние би го исекле. Но бидејќи имало храброст да биде поразлично, уште долго ќе остане живо и силно.

Поука: Бидете она што сте и следете го својот животен пат. Имајте храброст да бидете поинакви од другите и ќе успеете да добиете многу работи во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар