Поучна приказна: Најважните нешта во животот

Поучна приказна: Најважните нешта во животот

Еден професор стоел пред својот клас со неколку објекти на масата покрај него. Кога започнал часот, тој земал една многу голема тегла која била празна и почнал да ја полни со камења со големина од 5 сантиметри. Откако завршил, се завртел кон студентите и ги прашал дали теглата била полна. Тие одговориле позитивно.

Поучна приказна: Најважните нешта во животот

Потоа професорот земал кутија со мали камчиња и ја истурил во теглата, а потоа нежно ја затресол. Камчињата се стркалале покрај големите камења и го пополниле просторот помеѓу нив. Потоа повторно ги прашал студентите дали теглата била полна. Тие се согласиле.

Професорот држејќи ја теглата во својата рака посегнал по кутија со песок и повторно ја дополнил теглата. Ситната песок брзо ги пополнила сите празни дупки во неа. Тој за последен пат ги прашал студентите дали теглата е полна. Тие едногласно одговориле „Да“. Професорот почнал да зборува:

„Би сакал да замислите дека оваа тегла го претставува вашиот живот. Камењата се најважните нешта – вашето семејство, партнер, здравје, деца – дури и да изгубите сè останато, сите овие нешта би го исполнувале целосно вашиот живот. Каменчињата се другите важни нешта, како работата, домот, автомобилот. А песокот е сè останато, сите оние мали нешта во животот. Доколку прво го турите песокот во теглата, нема да има место за камчињата и камењата. Истото се случува и со вашиот живот. Доколку целото ваше време и енергија ги вложувате во малите нешта, нема да имате место за оние работи кои ви се важни. Обрнувајте внимание на нештата кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со вашите деца. Однесете го партнерот на танцување. Секогаш ќе има време за работа, чистење, готвење или поправање на остатоците.“

Грижете се прво за камењата – за оние нешта кои навистина ви значат. Поставете ги вашите приоритети. Останатото е песок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар