Поучна приказна: Астрологот и ѕвездите

Поучна приказна: Астрологот и ѕвездите

Еднаш одамна живеел еден човек кој верувал дека може да ја предвиди судбината гледајќи во ѕвездите. Тој се нарекувал себеси астролог и ги поминувал ноќите гледајќи во ѕвездите. Една вечер одел по отворен пат, надвор од своето село. Неговиот поглед цело време бил насочен кон ѕвездите. На момент помислил дека го видел крајот на светот, кога одеднаш се сопнал и се стркалал во дупка полна со кал и вода.

Поучна приказна: Астрологот и ѕвездите

Тој паднал во матна вода, која му достигала до ушите и едвај успевал да се додржи на нозе на лизгавата површина под водата. Со секој обид да излезе, тој се лизгал и паѓал под водата. Почнал да вика за помош и одеднаш дотрчале селаните на кој секојдневно им ја предвидувал иднината. Кога го извлекле од калливата дупка, еден од нив рекол:

„Глумиш дека можеш да ја предвидиш иднината гледајќи во ѕвездите, а не си успеал да видиш што ти се наоѓа пред нозете! Ова би можело да ти биде важна лекција за да почнеш да обрнуваш повеќе внимание на тоа што е пред тебе и да ја оставиш иднината сама да се погрижи за останатото. Каква е користа од тоа да ја предвидуваш иднината со помош на ѕвездите кога не си во состојба да видиш што има сега тука на земјата?“

Поука: Грижете се за малите секојдневни работи, а за останатите – кога ќе дојде вистинското време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар