После метросексуалците доаѓа новата генерација тренди мажи – спорносексуалци

Пред 20 години, Марк Симпсон го воведе терминот метросексуалец, но тој е сега минато бидејќи најновиот тренди опис за мажи е спорносексуалци – голи, набилдани и истетовирани мажи.

1-posle-metroseksualcite-doagja-novata-generacija-trendi-mazhi-spornoseksualci-kafepauza.mk

Поимот метросексуалец постои од 1994 година благодарение на Марк Симпсон, а инспирацијата ја добил на изложба насловена „It’s a Man’s World“. Како што тој предвиде, се работеше за згодни млади и успешни момци кои избрале да живеат во град затоа што токму таму имаат сѐ што им е потребно за нивниот животен стил.

После две децении, мажите како и жените, живеат со полни гради, носат поскапи чевли од своите поубави половини, а нивните плочки на стомакот ги красат насловните страници на многу странски магазини. Во денешниот суетен свет преполн со селфи фотографии, тешко е да се поверува дека во 90-тите мажите се бореле за свој статус.

3-posle-metroseksualcite-doagja-novata-generacija-trendi-mazhi-spornoseksualci-kafepauza.mk

Како идеален пример за метросексуалец кого го обожава цел свет, а не заради своите вештини, Симпсон го наведува Дејвид Бекам. Тој дури беше прогласен за најдобар метросексуалец во 2002 година. Сите го сакаат затоа што има тело кое може само да се посака, а воедно и не крие дека се грижи за својот изглед.

2-posle-metroseksualcite-doagja-novata-generacija-trendi-mazhi-spornoseksualci-kafepauza.mk

Но, додека се менува свеста за момците околу тоа на кој начин и колку треба да се грижат за себе, се прави еден пропуст. Промената не се однесуваше толку на физичките промени како депилацијата или носењето апостолки, туку за фактот дека мажите си дозволија себеси да бидат тоа што се, на начинот на кој тоа жените си го допуштија многу години порано.

Новата генерација мажи по прашањето за изгледот не го доведуваат во прашање само изборот на облека или фризура. Сега станува збор за набилдани тела кои се преполни со пирсови или тетоважи – и тоа ги одликува како спорносексуалци.

Со селфијата и „јаките“ фотки на кои ги покажуваат своите затегнати мускули, тие одат и чекор понатаму – отворено покажување на желбата да бидат посакувани, забележани и признати.

4-posle-metroseksualcite-doagja-novata-generacija-trendi-mazhi-spornoseksualci-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар