По смртта на нивната мајка, овие брат и сестра фрлиле порака во шише во океанот и добиле неочекуван одговор после 2 години

По смртта на мајка им, децата фрлиле порака во шише во океанот и после 2 години добиле неочекуван одговор

Нема ништо посентиментално од оставањето порака во шише, но и покрај тоа што многумина слушнале за оваа идеја, сепак ретко кој ја применува. Едни брат и сестра имале очајна потреба од утеха и намалување на болката после ненадејното заминување на нивната мајка од овој свет, па решиле да остават порака во шише и да го фрлат во океанот, со цел да го пробаат овој метод за закрепнување од трагичната загуба.

По смртта на мајка им, децата фрлиле порака во шише во океанот и после 2 години добиле неочекуван одговор

„Јас и сестра ми решивме да ставиме фотографија од нашата мајка во шише коешто потоа го фрливме во океанот, со цел да видиме на која дестинација би завршила приказната на нашата мајка“, вели братот.

Тие исто така во шишето оставиле и мала белешка на којашто пишувало: „Ако го пронајдете ова шише, ве молиме јавете ни се или пишете ни. Почетната точка на ова шише е Атлантик Бич, Северна Каролина.“

По смртта на мајка им, децата фрлиле порака во шише во океанот и после 2 години добиле неочекуван одговор

За жал, нивниот прв обид завршил безуспешно. Само еден час откако си заминале од плажата, некоја жена ги контактирала и им кажала дека го пронашла шишето. За среќа, наредниот ден таа планирала да плови со брод, па се согласила повторно да го фрли шишето во вода. Така започнало, новото патешествие на пораката во шише. Тоа патувало дури 2 години после смртта на нивната мајка и се прошетало неверојатни 6196 км, конечно завршувајќи на една сончева плажа, во градот Тарфаја во Мароко. Двајцата мажи коишто го пронашле шишето, ги контактирале братот и сестрата за да ги информираат. Приказнава дефинитивно звучи како сценарио од некој добар филм, во којшто Кевин Костнер ја има главната улога.

По смртта на мајка им, децата фрлиле порака во шише во океанот и после 2 години добиле неочекуван одговор

„Во овој неверојатно тежок период од нашите животи, нашата мајка на некој начин успеа да пронајде начин, да ни ја даде потребната утеха по којашто копнеевме. Тоа што нејзината приказна ја дознаа тотални туѓинци, е вистинската причина зошто го пуштивме ова шише во океанот. Многу сум им благодарен на луѓето коишто го пронајдоа и се потрудија да нѐ исконтактираат. Јас и моето семејство сме сѐ уште во шок“, објаснува братот.

По смртта на мајка им, децата фрлиле порака во шише во океанот и после 2 години добиле неочекуван одговор

По смртта на мајка им, децата фрлиле порака во шише во океанот и после 2 години добиле неочекуван одговор
Многу луѓе на Интернет, се трогнати од оваа прекрасна приказна. Прочитајте дел од нивните коментари во продолжение:

„Понекогаш, животот е навистина тежок, а токму љубовта е двигателот којашто ни помага да си дојдеме на себе. Љубовта е навистина сѐ што имаме во овој свет и јас ви испраќам дел од мојата на вас.“

„Ова е фантастичен начин за справување со тагата и оддавањето почит на една прекрасна жена.“

„Сметам дека навистина е прекрасна сентименталната вредност зад оваа приказна, но се прашувам, колку од овие пораки во шишиња завршуваат како ѓубре во вртлозите на океанот?!“

„Прекрасно… Мајката на некој начин сѐ уште успева да допре до животите и срцата на другите луѓе. Ова е навистина извонредна идеја за закрепнување и изразување љубов кон прерано заминатите.“

„Навистина ми е жал за вашата мајка. И јас ја загубив мојата пред повеќе години… Навистина е супер ова што сте го направиле во нејзина чест. Сигурен сум дека таа се смешка од таму некаде.“

Прочитајте и за оваа тинејџерка која правела селфиња со мајка ѝ 4 години по ред, но последното ќе ви го скрши срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар