Пар купил куќа во која се снимал еден од најпознатите хорор филмови и веќе искусиле чудни работи

Едно од најлудите одлуки во 2019-та година најверојатно е купувањето на куќата во која е снимен еден од најпознатите хорор филмови „The Conjuring“ кај нас преведен како „Повикување на злото“. Куќата ја купил млад пар од Америка, а двајцата партнери биле желни за авантура.

Купиле хорор куќа во која се снимал еден од најпознатите хорор филмови и се плашат поради чудните работи што се случуваат

Филмот „Повикување на злото“ е снимен во 2013-та година, а се базира на вистинска приказна за семејството Перон кое живеело во таа куќа во седумдесеттите години од минатиот век и познатите американски експерти за паранормално, брачниот пар Лорајн и Еда Варен.

Лорајн после смртта на нејзиниот сопруг Еда учествувала во снимањето на филмот како советник исто така и на продолженијата кои се подоцна снимени што на филмот му донело одреден кредибилитет.

Андреа Перон, најстарата од петте Перонови ќерки кои живееле во куќата до 1980-та година, уште тврди дека со нив во куќата живееле зли духови.

„Работите што таму се случуваа беа неверојатно застрашувачки. До ден-денес ме фаќа страв кога ќе се сетам на тоа. Мислев дека ќе се онесвестам. Мојата мајка почна да зборува на јазик што не е од овој свет со глас кој не беше нејзин. Нејзината столица лебдеше и беше исфрлена преку собата“, раскажува Андреа.

Што се однесува до парот кој неодамна ја купил оваа проколната куќа, велат дека и самите имале многу чудни искуства.

„Видовме дека вратите сами се отвораат и затвораат, слушнавме дека некој се движи во куќата, слушнавме удари. Тешко е да се остане сам во куќата. Не чувствувам никако зло, но внатре секогаш нешто се случува“, изјавил сопственикот Кори Хајнзен.

„Цело ова патување беше застрашувачко, не само од паранормални случувања туку од повеќе причини“, рекла Џенифер Хајнзен.

Парот планира да ја отвори својата куќа за туристи и истражувачи на паранормалното подоцна во текот на оваа година после сеопфатно реновирање. Планираат да го зачуваат домот каков што бил во приказната „Повикување на злото.“

Погледнете ја и оваа бајковита розова куќа со градина за еднорози што може да се изнајмува на Airbnb.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар