Озонот би можел да биде целосно заздравен до 2060 година

Една студија од Обединетите нации открила дека озонскиот слој полека заздравува и дека се очекува да биде целосно оздравен до 2060 година. Прв пат беше пронајдена дупка во озонот над Антарктикот уште во 1980-тите, како резултат на штетните хемикалии што се ослободуваа во атмосферата. Озонот нè штити од штетните сончеви зраци, па затоа и дупката беше застрашувачки проблем.

Дупката во озонот пропушта силни ултравиолетови зраци, што е поврзано со зголемување на дијагнозите за рак на кожа. Тоа доведе до сериозни забрани во производството што вклучува штетни хемикалии. Благодарение на тие забрани, озонскиот слој почна полека да заздравува, и се очекува до 2060 година да се врати во нормала.

Истражувањето беше дел од 40-годишна ревизија на Монтреалскиот протокол, забрана од 1987-ма година за користење гасови направени од страна на човекот, што можат да направат штета на озонскиот слој. Монтреалскиот протокол помогна да се напуштат овие хемикалии, вклучувајќи ги и хлорофлуорјаглеродите, што се користеа за масовно создавање на фрижидери.

Други докази претставени од авторите на студијата покажуваат и дека озонскиот слој во стратосферата заздравува побрзо со секоја декада, почнувајќи од 2000 година. Ако продолжи со ова темпо, Северната хемисфера и озонот на средна височина ќе биде заздравен до 2030 година, Јужната хемисфера до 2050 година и поларните региони до 2060 година.

Извештајот исто така кажува и дека озонската дупка за прв пат се намалила и во ширина и во длабочина во 2000 година. Оттогаш, намалувањето е континуирано.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар