Овие мали промени во исхраната можат да ве заштитат од депресија

Доволни се само неколку мали промени во вашата диета со цел да го намалите ризикот од развивање депресија. Според една неодамнешна голема студија, Медитеранската диета која вклучува многу овошје, зеленчук и зрнеста храна има моќ да ја спречи појавата на депресија. Дури и најмалите промени доведувале до видливи придобивки.

Овие мали промени во исхраната можат да ве заштитат од депресија

Научниците веруваат дека депресијата би можела да настане делумно поради недостаток од основни хранливи материи во организмот. Оваа студија вклучувала 15.093 луѓе кои биле испитувани во текот на 10 години. Во оваа студија, оние личности кои јаделе повеќе јаткасти плодови, овошје и зеленчук се сметале дека поблизу ја следат Медитеранската диета. Оние кои повеќе јаделе месо и благи се оддалечувале од оваа здрава исхрана. Според резултатите, оваа здрава диета доведувала до повисоко ниво омега 3 и други клучни хранливи материи. Д-р Алудена Санчез-Вилегас, која го водела истражувањето, вели:

„Ние сакавме да сфатиме која е улогата на хранливите материи во менталното здравје бидејќи верувавме дека одредени диетални обрасци би можеле да го заштитат нашиот ум. Сите овие диети одамна се поврзани со физичкото здравје, но сега знаеме дека тие имаат позитивен ефект и врз нашето ментално здравје. Заштитничката улога која се наоѓа во хранливите материи на јаткастите плодови, зрнестата храна, овошјето и зеленчукот може да го намали ризикот од депресија.“

Според овие резултати, доволни се само мали промени во диетата со цел значително да го намалите ризикот од депресија. Разликата се појавувала секој пат кога учесниците започнувале да следат поздрава диета. Дури и основното внесување на овие хранливи материи доведувало до намалување на ризикот од развивање депресија. Од друга страна пак, со ова истражување не се докажале поголеми придобивки кај учесниците кои целосно ги сладеле овие здрави режими на исхрана. Откако ќе се помине основниот праг, ризикот од депресија останува на исто ниво, без разлика колку поздраво се исхранувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар