Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

Магичните италијански Доломити и швајцарските планини со бели врвови привлекуваат туристи секоја година. За време на пандемијата, природата доби заслужен одмор, но многу авантуристи чекаат да се отворат границите за да ги започнат своите авантуристички патувања.

Ако сакате да држите растојание дури и кога работите ќе се вратат во нормала, тогаш погледнете го овој список на европски национални паркови кои не се толку туристички и каде што можете да избегате од гужвата.

1. Идилични Татри

Националниот парк Татра се наоѓа на југот на централна Полска и на северот на централна Словачка. Има повеќе од 300 пештери, како и исклучителни растителни и животински видови. Овој национален парк е идеално место за тренинг поради нивните 600 километри патеки и стотици живописни езера. Постојат 16 обележани велосипедски патеки кои се одлични за тестирање на брзината.

Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

2. Дом на песочни дини

Куршскаја коса (Курсиу Нерија) се наоѓа во Литванија и е еден од најмладите национални паркови во Европа кој исто така е и на листата на УНЕСКО. Овој национален парк делумно се протега во Русија и бил создаден за зачувување на екосистемот во областа. Песочната покривка долга и тесна скоро 100 километри го одделува Курскскиот Залив од Балтичкото Море. Куршскаја коса е дом на најголемите мобилни песочни дини во Европа. Тие имаат просечна висина од 35м, а некои достигнуваат висина од 60м. Прекрасните плажи, боровите шуми населени со елени, лосови и диви свињи прават разгледница за паметење.

Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

3. Во знакот на Јарец

Националниот парк Гран Парадизо е италијанската верзија на „Yellowstonе”. Ова е најстариот национален парк во Италија кој се наоѓа помеѓу Пиемонт и Вале д’Аоста. Бил основан во 1922 година со цел да го заштити преостанатиот алпски јарец, кој денес е симбол на паркот, а неговите заоблени рогови во должина до еден метар се восхитувачки. Во 1860 година, останале околу педесет примероци во алпскиот масив Гран Парадиз кои. биле пренесени во резерви, каде што се размножуваат. Иако блиските француски Алпи се многу примамливи за многумина, Гран Парадизо има повеќе од 700 квадратни километри зеленило за релаксација како и ски и пешачки патеки.

Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

4. Горски очи и планини

Иако сè уште не познат светски, познатиот планински и национален парк Дурмитор во Црна Гора е волшебен со своите глетки. Кањонските долини, планинските врвови, глацијалните езера наречени „горски очи“ и реките прават загатка за уживање во текот на целата година. Националниот парк исто така вклучува и 50 врвови повисоки од 2000 метри надморска височина, вклучувајќи го и Боботов Кук (2523м). Во целиот пејзажен предел доминира гигантскиот врв Медјед, кој се издига над езерото и има поглед кон спектакуларни шуми, пештери и кристално чисти води.

Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

5. Тивката страна на Шпанија

Кога размислуваме за Шпанија, во мислите ни доаѓаат сончеви плажи и градови преполни со туристи, но на работ на јужната француска граница, на северозападниот дел на земјата се наоѓа Ордеса и Монте Пердидо. Овој национален парк е дом на огромни зелени површини, високи планини и ретки диви животни лачат тивка атмосфера, исто како идиличните села со езера и потоци. Пешачките патеки се добро обележани, и можете да се опуштите уживајќи во воодушевувачките водопади и каскади.

Овие 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите

Прочитајте и кои се најубавите скриени места во Европа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар