Овчарски кучиња кои обожаваат да позираат пред фотоапаратот на нивниот сопственик

Двете кучиња кои доминираат на овие слики се Софи и Сара, сестри од видот англиски овчар кои живеат во Холандија. Тие се различни од другите кучиња по тоа што една од нивните омилени активности е да застанат пред објективот на нивниот сопственик Сес Бол, кој што аматерски се занимава со фотографија. Понекогаш сами, понекогаш заради тоа што треба да добијат нешто, овие две кучиња секогаш се спремни да стојат мирно додека Сес не притисне на копчето за сликање. Тој вели:

„Главната причина поради која го правам ова се насмевките на луѓето. Софи и Сара го можат тоа. Во свет на лоши нешта, јас наоѓам начин да ги разведрам луѓето. Кога ги гледам другите како се среќни, тогаш и јас сум среќен.“

Овчарски кучиња кои обожаваат да позираат пред фотоапаратот на нивниот сопственик


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар