Ова се најбараните жени на Гугл за 2016-та година

Ова се најбараните жени на Гугл за 2016-та година

Како и претходната година, така и оваа Гугл повторно ја објави листата на најбарани славни личности во светот. Иако од 10 имиња, дури 6 се машки, интересно е тоа што во топ 5 најбараните се наоѓаат 3 жени. Резултатите од пребарувањето за оваа година не зачудуваат со оглед на тоа што беа одржани Олимписките игри во Рио де Жанеиро и американските претседателски избори.

1. Хилари Клинтон

Ова се најбараните жени на Гугл за 2016-та година

Женското име кое најмногу било пребарувано во 2016-та година ѝ припаѓа на Хилари Клинтон, која се нашла на второто место. Некогашната прва дама на САД оваа година беше еден од кандидатите за американски претседател. Но, таа беше победена од страна на Доналд Трамп, американски бизнисмен кој ја носи титулата за најбарана личност на Гугл во 2016-та година.

2. Меланија Трамп

Ова се најбараните жени на Гугл за 2016-та година

Поранешната 46-годишна манекенка се нашла на четврто место, поради поврзаноста со следниот американски претседател и сопруг, Доналд Трамп. Меланија привлекла многу внимание и интерес, токму поради тоа што не се истакнува во јавниот живот, па корисниците на Гугл едноставно сакале да знаат нешто повеќе за неа.

3. Симон Билс

Ова се најбараните жени на Гугл за 2016-та година

Третото најбарано женско име е она на 19-годишната американска гимнастичарка Симон Билс, која се наоѓа на петтото место и која на Олимписките игри во Рио освоила четири златни и еден бронзен медал. Билс исто така станала најтрофејна американска гимнастичарка, со што предизвикала огромен интерес.

4. Селин Дион

Ова се најбараните жени на Гугл за 2016-та година

Последната најбарана жена на Гугл која се нашла на топ 10 листата за оваа година, е канадската пејачка Селин Дион (која го зазема осмото место). За 48-годишната Дион ова беше исклучително тешка година. Поточно, во јануари почина нејзиниот сопруг и долгогодишен менаџер, Рене Анжелил, а два дена по неговата смрт, почина и нејзиниот брат Даниел.

Еве како изгледа целосната топ 10 листа на најбарани личности на Гугл за 2016-та година:

1. Доналд Трамп

2. Хилари Клинтон

3. Мајкл Фелпс

4. Меланија Трамп

5. Симон Билс

6. Берни Сендерс

7. Стивен Авери

8. Селин Дион

9. Рајан Лохте

10. Том Хидлстон


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар