Ова бебе влегло во историјата како првото на светот што не добило ознака за пол по раѓањето

Се верува дека едно 8-месечно канадско бебе е првото во светот што добило здравствен документ без назначен пол. Сирил Атли Доти, што било родено во ноември 2016 година, влегло во историјата така што добило здравствен картон со ознака „U“ наместо „машко“ или „женско“ на местото за пол. Буквата „U“ сега засега значи „undetermined“ (неодредено) или „unassigned“ (неназначено).

ova-bebe-vleglo-vo-istorijata-kako-prvoto-na-svetot-shto-ne-dobilo-oznaka-za-pol-po-ragjanjeto-www.kafepauza.mk

Родителот на Сирил, Кори Доти, се идентификува како небинарна трансродна личност, па затоа сакала да го избегне доделувањето пол на своето дете. Малечкото било родено во Британска Колумбија, но „надвор од медицинскиот систем“, па затоа и немало генитална инспекција по самото раѓање.

„Кога јас се родив, докторите ги погледнале моите гениталии и направиле претпоставка за тоа што ќе бидам и потоа тие претпоставки ме следеа и ме идентификуваа во текот на целиот мој живот“, вели Доти. „Со оглед на тоа што тие претпоставки излегоа погрешни, јас имав многу проблеми обидувајќи се да направам соодветни поправки.“

Адвокатот на Доти вели дека издавањето здравствена картичка без специфичен пол е огромен чекор напред.

„Доделувањето пол во оваа култура се прави преку медицинско лице што ги подигнува нозете на бебето и ги погледнува неговите гениталии. Но ние знаеме дека половиот идентитет на бебето нема да се развие барем уште неколку години подоцна“, вели адвокатот.

Со тоа што нема идентитет од раѓањето, Доти му овозможила на своето бебе, кога ќе биде доволно возрасно, да си создаде свој сопствен. Тие исто така се надеваат и дека на изводот, што сè уште не е испечатен, дека ќе има празно место за бебето само да си го пополни откако ќе си го изгради својот полов идентитет.

Некои канадски провинции, меѓу кои се наоѓаат и Онтарио и Алберта, ги разгледуваат можностите да вклучат трета, небинарна полова опција на здравствените документи како изводот од матичната книга на родени.

Што мислите вие, дали на бебињата треба да им се остави овој избор отворен, за самите да си го одредат својот полов идентитет или сметате дека треба да се продолжи по традиционалното назначување од раѓање?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар