Отворено писмо на една девојка: До кога на момците ќе им бидат занимливи површните спонзоруши?

Ова е отворено писмо на една девојка на која ѝ е доста од машкото лицемерие и површност. Таа ја отворила својата душа на еден форум, а ние ви го носиме целото нејзино писмо.

1-otvoreno-pismo-na-edna-devojka-do-koga-na-momcite-kje-im-bidat-zanimlivi-povrshnite-sponzorushi-www.kafepauza.mk_

„Веднаш да ви кажам една работа – никогаш не сум била во фазон за љубовни состаноци. Тоа секогаш ми изгледало вештачки. За некој како мене кој го носи ‘срцето во ракавот’ и го зборува сето она што го мисли, сите тие машко-женски игри, глумење, преправање со цел да си се допаднеме едни на други, не ‘држат вода’.

Познавам многу мажи и жени, имам голем круг на пријатели, не сум некој осаменик и намќор. Многумина за мене би кажале дека сум пријатна и дружељубива личност. Би се осудила да кажам дека на многумина сум им омилен лик во друштвото, но кога станува збор за љубовните врски и љубовта некако сето тоа престанува да важи.

Кога ќе се изгаснат светлата, се враќам во својот празен дом и легнувам сама на креветот. Имам испратено многу другари и познаници во несреќни бракови. Можам слободно да ви признаам дека некои од нив ми се допаѓале, на некои тоа сум им го кажала, но тие некако секогаш избирале жени кои успешно манипулирале со нив, им се умилкувале и додворувале.

Сум набљудувала како помеѓу добрите и ‘лесни’ девојки секогаш ја избираат помалата линија на отпор и сè започнува во стилот на ‘се зезаме’… Сè додека еден ден не забележат дека се изманипулирани и завршуваат со тон пелени и затрупани со работа која ја мразат за на жената која не ја сакаат, која сѐ повеќе ја гледаат како странец и во која не пронаоѓаат ниту пријател ниту сојузник, да ѝ обезбедат доволно пари за фризер, маникир и чевли…

Тие не зборуваат за своето незадоволство поради мирот во куќата. Молчат и сè што имаат да кажат е ‘Таа е мајка на моето дете’.

Тоа е мантрата која секоја ден им дава сила за да одат на работа, да живеат… Линија на помал отпор.“

2-otvoreno-pismo-na-edna-devojka-do-koga-na-momcite-kje-im-bidat-zanimlivi-povrshnite-sponzorushi-www.kafepauza.mk_

„Кога ќе го запрашаш просечниот маж што сака и што очекува од девојката/жената, сите до еден ќе одговорат искреност, верност, посветеност. Велат дека сакаат убава девојка, но дека тоа не е пресудно. Велат дека не сакаат да е разгалена, да умее да се снаоѓа во кујната и во друштво.

Велат дека во жената ја ценат добрината, а потоа, дури да трепнеш, сето тоа го погазуваат и си дозволуваат да завршат со некоја која не е ништо од тоа, како да немале можност за избор.

Ретко кој денес се венчава од љубов. Сите мечтаат за добра жена, а завршуваат со некоја која вешто глуми дека е таква. Луѓето се палат на привидот, на шминката, на имитацијата на животот, на имитацијата на љубовта, на инстант забавата, на рекламата за живот – а не на животот каков што е. И потоа одеднаш – бремена невеста!

Каде исчезнаа сите тие магични венчавки на заљубени и среќни луѓе пред кои стои планирање на семејство?

Денес е време на спонзоруши, старлети, сплеткарки – колку и да се во теоријата и приказната плукани и навредувани, толку повеќе цветат во вистинскиот живот. Добрите девојки покрај нив се невидливи.

Во тонот месо кој се бранува и се нуди на ‘повелете’, никој не размислува да погледне наоколу, да се потруди… Мажите се сведоа на основните животински инстинкти, а жените на стапици за глувци.

Да се разбереме, не се жалам за тоа каква сум. Никогаш не би посакала да бидам како нив. Јас се жалам на денешните мажи кои не гледаат подалеку од нивниот нос и тогаш завршуваат подеднакво несреќни како и ние кои не им играме со градите под нос и не продаваме лаги.

Кога ќе се освестите и ќе сфатите дека во таква комбинација никој не добива?“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Vlatko Reply

    Ова отворено писме го толкувам и во двете насоки. Навистина е голем проблем како да се најде соодветен партнер/ка во денешно време кога секој трча да зграби поголем дел од колачот. Личните вредности се станати минато и затоа првото прашање е „Колку заработуваш?“ Па и да имам неколку нули на сметката ќе кажам ИЧ. Не ми требаат таквите кои се само по парите. Ако не им треба моето присуство подобро да ги немам во мојот живот. Се надевам дека има многу фини момци кои едвај чекаат да налета некоја фина девојка во нивниот живот за да бидат среќни. Само што тогаш исплашени од некоја нејасна причина бегаат едни од други и повторно сме на истото. Е па верувам дека е време ова да се смени.

  2. ЈЈјн Reply

    *Коментарот е модериран

    И? Секој за себе ако си гледа, многу позадоволни ќе бидеме. Место да гледа како биле другарите и изманипулирани од “ку*ви”, нека се фокусира на себе и својот љубовен живот. За секого постои некој на светов,секој нека си гледа за себе. А статијава е само slut shaming. Ј.би га, и ние “ку*вите” мора да се омажиме.

  3. Кристина Reply

    За да успее врска или брак треба да се има јак карактер, а според мене дефинитивно тој е реткост.
    Не за џабе кажале,,Нема да знаеш што имаш, све док не га изгубиш”.
    И дефинитивно е такој.
    Кт не е до тебе, фали ти, кт е до тебе, досадан ти. Доваѓа некој каже ти два, три муабета и одма ти биде интересан-иако га знаеш неколко дна. Човек не знае што сака и туј е проблем.
    Според мене, жена гу игра главни улугу у сваку игри. И да не е у право на крај биде у право.
    Како што викав стари, жена може да га проведе мужа у десет села, у десет града и воду нема да му даде да пие.
    А што е работа за старлете, спонзоруше.. Тој ваша работа не е. СВЕ Е ДОЗВОЛЕНО ШТО НЕ Е ЗАБРАНЕТО И ОБРАТНО.
    Значи : Свак живи како што сака и како што му одговара. Значи људи затој живив такој. Сви су различни. Затој треба да прифаќамо разлику и да се потрудимо да ги разберемо други. А не нешто што е спротивно од наше,, прифатено” га озборуемо и критикуемо.
    А авторка вика дека збори све што мисли и дека има много пријатели. Мене лично тија две работе не ми идев у исти насоку. Зашто? ЗАТОЈ ШТО СВАК САКА ДА МУ КАЖЕШ ОНОЈ ШТО ОНИ САКАВ ДА ГА СЛУШНЕВ.

Остави коментар