Отсега можете да го носите вашето домашно милениче како кенгур бидејќи животот е прекрасен

Отсега можете да го носите вашето домашно милениче како кенгур бидејќи животот е прекрасен

Сигурни сме дека никогаш не сте ни помислиле дека нешто вакво ви е потребно. Доколку некогаш во вашиот скут се наоѓале мало куче или маче, тогаш знаете колку многу тие понекогаш сакаат да се гушкаат. И да, најверојатно и вие уживате во нивното топло и меко присуство, но на сите одвреме-навреме им се потребни рацете, а овие мали крзнени топчиња често обожаваат да ги преокупираат.

(1) Отсега можете да го носите вашето домашно милениче како кенгур бидејќи животот е прекрасен (2) Отсега можете да го носите вашето домашно милениче како кенгур бидејќи животот е прекрасен

За среќа, постои дуксер кој е специјално дизајниран да му овозможи на вашето милениче простор за гушкање, додека истовремено вашите раце се целосно слободни. Ако ова не ви изгледа како најудобното нешто досега измислено, тогаш без сомнение не сте личност која сака домашни животни.

(3) Отсега можете да го носите вашето домашно милениче како кенгур бидејќи животот е прекрасен (4) Отсега можете да го носите вашето домашно милениче како кенгур бидејќи животот е прекрасен

Што се однесува до моделот, на капата се наоѓаат мали ушиња, а на ракавите отпечатоци од шепи кои што ќе предизвикаат да изгледате неодоливо додека се галите со вашето крзнено пријателче. Вие дури можете и да ги носите вашите мали куче или маче како кенгур, каде и да одите. Постои и видео кое го покажува овој модел во акција и е едноставно неодоливо! Погледнете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар