Откријте го бројот на својот кармички долг и научете за што сте испратени на овој свет - Part 2

Откријте го бројот на својот кармички долг и научете за што сте испратени на овој свет

Откријте го бројот на својот кармички долг и научете за што сте испратени на овој свет

Број 7

Во минатиот живот сте донеле многу одлуки врз основа на вашите сопствени потреби, а не сте имале сочувство и емпатија за тоа како истите влијаат на другите. Можеби не сте биле во можност да се соочите со другите и најверојатно сте имале многу силно чувство дека животот е борба или натпревар. Во овој живот сте дошле за да доживеете радоста во животот, а можеби ќе се чувствувате повикани и да им служите на другите луѓе. Вашите лекции во овој живот се врзани за сочувството кон оние кои ве окружуваат. Исто така треба да научите како да донесете одлуки кои се најдобри за вам, а не поради натпревари со другите.

Број 8

Во минатите животи не сте успеале да го живеете животот во целост и сте имале проблеми со преземање одговорности за своите постапки. Можеби секогаш сте пронаоѓале начин да избегнете да ја согледате стварноста и наместо на себе, сте се потпирале на другите. Исто така можеби сте имале проблеми со зависности или не сте успеале својот живот да го насочите во една насока. Во овој живот сте вратени за да научите да преземате целосна одговорност за својот живот и за насоките на вашата душа. Вие сте овде за да дознаете како да ја согледате вистината на својот живот и да дојдете до суштината на вашата душа и мисија. Наместо да се обидувате да избегате од стварноста, во овој живот ќе бидете водени во ситуации во кои ќе морате да се соочите со сѐ што ви носи животот.

Број 9

Во минатото вие сте гледале на светот како на одвратно место каде што постои недоверба и алчност. Не сте биле во можност да видете надвор од сенките на животот, а ви било тешко да останете позитивни поради својот живот. Тоа можеби во голема мера било поради фактот што сте имале длабоко духовно будење кое резултирало со чувство на празнина во физичкиот свет. Во овој живот сте се вратиле за да пронајдете радост на Земјата и среќа во физички облик. Исто така вие сте вратени за својата свест да ја одвратите од негативноста и да започнете создавање позитивни промени, лично и во заедницата, по пат на духовна и хуманитарна работа.

Број 11

Во минатиот живот вие сте играле според правила и сте го правеле она што општеството го очекувало од вас, па сте живееле прилично позитивен и пријатен живот. Но, сте пропуштиле да го слушате повикот на својата душа и да ги искористите авантуристичките можности кои често ви биле поставувани. Вие сте дозволиле стравот од непознатото да ја запре вашата душа да се движи напред и да ве блокира да ја доживеете другата страна на животот. Вие сте вратени во овој живот за да ги искористите тие шанси, да донесете похрабри одлуки и да ја следите вашата интуиција.

Број 22

Во минатите животи вие повеќе сте сакале да останете во сенка и никогаш не сте ги покажувале на светот вашите таленти и способности. Вие сте бегале далеку од вниманието и сте ги намалувале своите вештини и способности. Во овој живот сте се вратиле за да му ги покажете на светот своите таленти и на некој начин да заземете водечка улога. Вие сте испратени за да ја искористите својата сила и потенцијал и да оставите свој белег во светот. Овој пат животот ви пржи многу можности каде ќе можете да го покажете она најдоброто од себе. Вие сте предодредени да извршите големо влијание на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. koce Reply

    *Коментарот е модериран поради присуство на вулгарности и навреди.

    9 букви, а имате 8 замени. Топ објаснување. Стави ги во табелата е* с*.

    • Кафе пауза Reply

      Здраво Коце,

      Благодариме за забелешката. Сепак, не се работи за пропуст, туку две од буквите карактеристични за нашето писмо се заменуваат со иста буква од латиничните писма. Ова е изведено според правилата за транслитерација на латинични во кирилични букви. Така, Џ и S се заменуваат со Д.

      Во секој случај, за да биде појасно ја додадовме буквата Д два пати.

Остави коментар