Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

Драматичниот раст на популарноста на Хрватска како туристичка дестинација се должи на раскошното Далматинско крајбрежје, прекрасниот национален парк Плитвички Езера и сцените од малото телевизиско шоу за кое веројатно сте слушнале – „Игра на тронови“. Како и да е, остатоците од римските градби во Хрватска и сами се доволна причина да го посетите Јадранското море.

Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

Арената во Пула е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри

Римската империја владеела со територијата на денешна Хрватска повеќе од 5 века, а сепак некој ќе се изненади од фактот дека шестиот најголем римски амфитеатар и еден од најдобро сочуваните, се наоѓа во Хрватска, а не во Италија.

Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

Меѓународниот филмски фестивал се одржува во арената во Пула

Пула

Арената во Пула, која некогаш собирала и до 20.000 гледачи, денес сѐ уште се користи како место за организирање настани како Филмскиот фестивал во Пула и натпревари во хокеј на мраз.

Храмот на Август во Пула, лоциран во Форумот, во центарот на Стариот град, бил уништен од бомбардирањето во 1944 година, но бил реставриран во неговиот стар сјај и сега во него има антички бронзени и камени статуи.

Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

Храмот на Август во Пула

Сплит

Стариот град во Сплит бил изграден помеѓу 3-от и 4-от век и е поставен околу Палатата на Диоклецијан. Таа е направена од песочен камен донесен од блискиот остров Брач, истиот камен кој подоцна се користел во изградбата на Белата Куќа. Тие што ја гледаат, ќе се сетат на ова место од ТВ серијата „Игра на тронови“.

Градбата која е заштитена како дел од светското културно наследство на УНЕСКО вклучува 220 згради во рамки на палатата, кои денес се претворени во кафе барови, ресторани и хотели. Исто така денес во овие згради живеат околу 3.000 луѓе. Кој не би сакал да помине една вечер во античка римска палата?

Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

Диоклецијановата палата во Сплит

Салона

Античкиот град Салона е сместен во малото село Солин, оддалечено само 5 километри од Сплит. Градот некогаш претставувал политички центар за време на владеењето на императорот Диоклецијан. Посетителите можат да уживаат во убавините на покриениот акведукт и манастирот од 1-от век. Ова е прекрасно место за пикник во природа, а кога сте веќе таму побарајте див аспарагус.

Откријте ги остатоците од најубавите римски градби во Хрватска

Остатоци од античкиот град Салона


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар