Одберете танц и дознајте нешто повеќе за себе

Дали сте добар танчар? Важно е да знаете дека никогаш не е доцна да научите да танцувате. Погледнете ја сликата и одберете го танцот што би сакале да го научите, или барем да го гледате. Потоа прочитајте што тоа кажува за вас.

Одберете танц и дознајте нешто повеќе за себе

1. Вие сте шармантни

Верувате дека речиси сè е возможно. Исто така се сметате за навистина среќна личност. Им давате многу на другите луѓе, понекогаш и премногу, па тие го злоупотребуваат тоа. Вие сте и мистериозни и тајните си ги чувате за себе. Сакате да се забавувате и зрачите со среќа и радост.

Одберете танц и дознајте нешто повеќе за себе

2. Вие сте флексибилни

Доволно сте флексибилни за да ги прифатите сите промени што ќе ви ги приреди животот. Навистина сте возбудени за иднината. Луѓето често бараат ваша помош и ваш совет. Секогаш можете да им помогнете на другите и да ги однесете до нивната дестинација. Повлечени се, се движите со текот и никогаш не предизвикувате галама. Сакате нови искуства. Уживате во необични нешта, особено ако можете да ги наговорите и пријателите на нешто такво.

Одберете танц и дознајте нешто повеќе за себе

3. Креативни сте

Ве возбудуваат нови искуства. Новините ви се особено важни кога станува збор за забава. Уживате и кога сте сами, но одвреме-навреме сакате друштво. Знаете како да ги натерате другите да се опуштат. Вие сте забавната личност во вашето друштво и иако понекогаш сте неподготвени, тоа воопшто не ви пречи. Сакате да останете отворени и флексибилни.

Одберете танц и дознајте нешто повеќе за себе

4. Суптилни сте

Во љубовта сте тивки, но навистина страсни. Лесно се вљубувате. Секогаш ги забележувате и најситните нешта кај луѓето на кои налетувате. Знаете како и најсекојдневното нешто да го направите интересно. Без проблем преземате ризици и секогаш сакате нешто ново. Настојувате да се сомневате наместо да бидете сигурни.

Одберете танц и дознајте нешто повеќе за себе

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар