Одберете карта и дознајте што ќе се случи во вашиот живот, а што треба веднаш да промените

Претскажувањето е пракса што не се темели на разумот или науката, туку настојува да ги предвиди идните настани преку толкување знаци, со помош на натприродни моќи, карти и слично. Кој не би сакал да дознае каква судбина го чека?! Сите би сакале да знаеме што ќе ни се случи за да го одбегнеме тоа или да го искористиме во наша полза.

Одберете карта и дознајте што ќе се случи во вашиот живот, а што треба веднаш да промените

Денес, ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за вашата иднина преку овој забавен тест.  Сѐ што треба да направите е да ја одберете онаа карта што најмногу ве привлекува и потоа да го прочитате вашето претскажување. Да почнеме!

Прва карта

Одберете карта и дознајте што ќе се случи во вашиот живот, а што треба веднаш да промените

Оваа карта симболизира единство, а во традиционалните тарот карти, ова е Високиот свештеник. Таа ги обединува сите духовни верувања. Ако ја одбравте оваа карта, тоа значи дека во наредните неколку дена ќе барате духовни одговори, но држете се подалеку од традиционалните верски конвенции. Треба да се поврзете со себе, меѓутоа за да го најдете својот пат, ви треба учител што ќе ви помогне да ги најдете одговорите на вашите прашања. Многу е важно работите што ги правите да бидат во рамнотежа со желбите на вашето срце. Бидете љубезни не само кон другите, туку и кон себе. Вие сте на почетокот од процесот на преобразба на вашата душа и вашиот живот.

Втора карта

Одберете карта и дознајте што ќе се случи во вашиот живот, а што треба веднаш да промените

Оваа карта во традиционалните тарот карти одговара на картата на Сонцето, која е една од најубавите карти во таротот. Оваа карта симболизира период на исполнетост, среќа, светлина и оптимизам. Сѐ што посакувате ќе ви се оствари и ќе ве исполни со љубов и позитивни емоции. Сонцето претставува љубов, напредок, здравје, убавина и успех, а ако сакате да бидете родители, имате среќа, бидејќи оваа карта може да најави и бременост. Оваа карта ќе ви донесе многу добри работи во животот, но треба да бидете великодушни и да им помагате на другите за да ги зголемите придобивките.

Трета карта

Одберете карта и дознајте што ќе се случи во вашиот живот, а што треба веднаш да промените

Оваа карта означува нови почетоци. Во таротот одговара на картата на Судот/Новата доба. Оваа карта најавува повторно раѓање, односно затворање на старите циклуси и почнување на новите. Дојде време кога ќе можете да го оставите зад себе сето она што не го исполнува вашето срце. Време е за учење, растење и созревање. Ќе се збогувате со сите стари работи што повеќе не ви користат и ќе започнете нов живот полн со големи нешта кои ќе ви донесат среќа и радост. Ако имате проблем со некои правни прашања, тие ќе бидат разрешени, а ако сакате да бидете родители, оваа карта означува посвојување (можеби би требало да размислите за таа можност).

Доколку ви се допадна овој тест, одберете уште една од овие карти и дознајте што ќе ви се случи наскоро.

Која карта ви се допаѓа најмногу? Одберете една и дознајте што ќе ви се случи наскоро


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар