Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

Дали ве интересира која порака може да ви послужи како водич оваа недела? Внимателно погледнете ги сликите, одберете ја онаа што најмногу ве привлекува и прочитајте ја вашата неделна порака.

Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

Не размислувајте премногу, туку одлучете се за онаа слика што прва ќе ви „фати“ око. Одбравте? Прочитајте ја вашата порака и не заборавајте да ја запишете за да ви послужи како потсетник доколку ви излезе некоја непредвидена ситуација…

Прва слика

Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

Сликата што ја одбравте открива дека ќе постигнете некоја лична цел. Таа цел е поврзана со вашиот личен развој, а не со вашата кариера. Со други зборови, ќе постигнете внатрешен напредок што нема да се манифестира однадвор. Можеби ќе забележите одредени промени во вашите реакции или ќе пронајдете мир. Без разлика колку се мали вашите успеси, прославете го вашиот напредок!

Втора слика

Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

Во наредниве денови, можно е да ви се појават некакви предизвици и да дојде до доцнење кое ќе ве забави. Можеби ќе паднете во искушение да претерате со кофеин, шеќер, јаглехидрати и енергетски пијалаци. Немојте да влегувате во таква рутина. Внесувајте само здрава енергија како што се јаболката, витамините и водата со лимон или ѓумбир. Многу е важно да обрнете внимание на „горивото“ што му го давате на телото. Имате многу обврски периодов и начинот на кој функционирате во голема мера зависи од она што го внесувате во телото, а тука спаѓаат и вашите внатрешни мисли.

Трета слика

Одберете ја сликата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте ја вашата неделна порака

Моментално, во вашиот живот владее рамнотежа, љубов и задоволство. Уживајте во овој убав и мирен период, бидејќи вашите односи со другите луѓе ви помагаат да процветате по неодамнешните преживеани предизвици. Ќе добиете многу работи во текот на наредните денови. Изразувајте ја вашата љубов и благодарност кон луѓето кои ве сакаат и се грижат за вас, бидејќи тие се од големо значење за вашиот живот.

Сега, откако ја дознавте вашата неделна порака, одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси.

Необичен тест: Одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар