Од оние без зборови до оние што е невозможно да се научат: Кои се најинтересните химни на светот?

Од оние без зборови до оние што е невозможно да се научат: Кои се најинтересните химни на светот?

Колку земји, толку химни! Но, какви тајни кријат? Како се создадени и зошто се точно такви какви што се, ќе дознаете во следните редови.

Чешка и Словачка

Овие две држави беа една до 1993 година и имаа и една химна. Песната „Каде е мојот дом“ е напишана во 1918 година, а во неа се комбинирани чешката опера и словачката народна музика. Со распадот на Чехословачка, се распадна и химната, но Чесите задржале еден дел во својата нова химна (која исто така е наречена „Каде е мојот дом“), а Словаците вклучиле дел од старата во својата нова химна наречена „Сјае над Татрите“.

Јапонија

Химаната официјално се вика „Kimi ga Yo“, што во превод би значело „Твоето владеење нека трае засекогаш“. Се смета за една од најстарите химни, а е напишана помеѓу 8-миот и 12-тиот век. Сепак, песната била прогласена за химна дури во 1888 година, кога оригиналните зборови биле соедните со мелодија компонирана во 19-тиот век.

Шпанија

Дали некогаш сте се запрашале зошто шпанските фудбалери, кошаркари и други спортисти молчат за време на химната и не пеат ниту еден стих? Причината е многу едноставна: шпанска химна „Кралски марш“ нема зборови. Нивната химна потекнува од воен марш и иако зборовите се менувале низ историјата, од крајот на 1970-тите, тие биле целосно исфрлени.

Андора

Националната химна на оваа земја, наречена „Моќниот Карло Велики“, е една од најневообичаените химни во светот. Не ја слави директно нацијата на Андора, туку се однесува на периодот кога државата била под власт на Каролинзите. Станала официјална химна на земјата во 1921 година.

Јужноафриканска Република

Химната на оваа република совршено ја отсликува нејзината комплицирана историја. Усвоена е во 1997 година и комбинира англиски текст со делови од песни од 19-тиот век. Со оглед на различноста на луѓето во оваа земја, химната содржи дури пет различни јазици, па затоа на странците им е речиси невозможно да ја научат.

Мјанмар

Оваа химна звучи како да слушате две сосема различни песни, што е всушност точно. „До крајот на светот“ е химна на Мјанмар од 1947 година и се состои од два дела. Започнува како народна песна, за подоцна да се претвори во воен марш придружуван од оркестар.

Кина

Иако повеќето од нас мислат дека сите химни се составени со цел да бидат химни, приказната за кинеската химна е поинаква. Песната „Марш на доброволците“ е составена за потребите на патриотскиот филм „Синови и ќерки во времето на бурите“, а се ширела меѓу населението како дел од антијапонскиот отпор. Од 1949 година, песната е и официјална кинеска химна.

Прочитајте кои 7 работи треба да се избегнуваат во други земји.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар