Обожавате да пиете овошни чаеви? Прочитајте го ова и заборавете на нив!

Обожавате да пиете овошни чаеви? Прочитајте го ова и заборавете на нив!

Тим истражувачи од колеџот Кингс во Лондон објавиле застрашувачки резултати од нивното последно истражување. Нивната цел е да ги освестат луѓето за несаканите последици од редовното пиење овошни чаеви со цел да помогнат со низа здравствени проблеми што можат лесно да се спречат долго пред да се појават. Па, доколку сакате да го задржите вашето здравје, уште денес почнете да ги избегнувате овие чаеви.

Обожавате да пиете овошни чаеви? Прочитајте го ова и заборавете на нив!

Овие пијалаци содржат висока количина киселина што може да ги оштети забите. Ризикот од оштетување на забите е уште повисок кај оние што го задржуваат пијалакот во устата пред да го голтнат и често грицкаат нешто дур пијат. Истото важи и за овошјето што го јадете – според експертите, што пократко го задржувате во уста, толку повеќе ќе ги заштитите вашите заби. Иако не е добро да се откажете од свежото овошје, ова е доволна причина да ги прескокнете овошните чаеви.

Од друга страна пак, добро е да се знае дека ако навечер сте испиле чаша вино, тогаш следното утро по секоја цена треба да го избегнувате овошниот чај. Многу е важно да ги балансирате нештата што ги внесувате во вашето тело, особено кога станува збор за производите од овошје. Исто така, добро е да се знае дека шансите за оштетување на забите се намалуваат ако овие пијалаци се пијат паралелно со главните оброци.

Кога сме веќе кај негативните последици на чаевите, прочитајте и кои се лошите страни на секојдневното консумирање зелен чај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар