Незаборавните детски игри од маалските улици

Незаборавните детски игри од маалските улици

Се сеќавате ли на вашето детство? Сигурно постојат некои работи кои никогаш нема да ги заборавите. Но, она што најмногу останува во сеќавање се илјадниците часови поминати во играње детски игри „на улица“. Еве една листа од најпознатите и доколку вашата омилена игра не е набројана, слободно споделете ја со нас… Што се однесува до нивните правила и имиња, тие честопати варираат во различни училишта, маала или градови, но сепак би требало да успеете да ги препознаете.

Игра: Жмурка (Криенка) и Жмурка на топка

Краток опис: Една личност „жмури“, а останатите бараат место за криење.

Правила: Личноста што „жмури“ е со затворени очи, честопати потпрена на дрво или на ѕид од зграда и брои гласно до 100 (или помалку – по договор). Останатите мора за тоа време да се скријат некаде во границите на дозволениот простор во кој се одвива играта. По завршувањето на броењето, оваа личност почнува да ги бара останатите. Победник е оној кој ќе го „освои“ основното место (најчесто мора да се допре или да се каже „пу“) од каде што почнала играта. Оној што ќе биде прв откриен, следниот круг „жмури“, освен ако не го спаси последниот скриен играч со допирање на местото, па оној што „жмурел“ да треба пак да „жмури“ и следниот круг.

Што се однесува до Жмурка на топка, правилата се слични, но почетното место од кое започнува играта е топката.

Незаборавните детски игри од маалските улици

Игра: Граница (Вис)

Краток опис: Потребни се два тима од по минимум тројца. Едниот тим ја брани својата територија, а другиот тим пробува да ја освои.

Правила: Оние кои пробуваат да освојат територија, не смеат да дозволат да бидат „фатени“ од спротивниот тим. Во тој случај тие стануваат нивни „затвореници“ и за нив играта завршува. Тимот кој освојува, победува само ако една или повеќе личности стапнат во однапред определениот центар на територијата на спротивниот тим. Тимот кој се брани победува ако ги „зароби“ сите припадници на спротивниот тим.

Игра: Сакате ли војна?

Краток опис: Потребни се два тима од по минимум петорица кои ќе стојат едни спроти други на поголема далечина.

Правила: Припадниците на двата тима се поставени едни спроти други, така што оние од ист тим се еден до друг и се држат за рака. Првиот тим вели: „Сакате ли војна?“ На тоа вториот тим враќа: „Сакаме!“ Тогаш првиот тим прашува: „Од кого?“ И вториот тим избира една личност од припадниците на спротивниот тим. Тогаш таа личност мора да се затрча накај нив и да се обиде да го „скрши“ ѕидот така што ќе помине помеѓу двајца играчи без да биде задржана. Доколку го пробие ѕидот одбира еден играч од тој тим кој ќе го однесе во својот тим. Но, доколку биде задржан останува на местото каде што не успеал да се пробие. Победник е оној тим кој ќе успее да ги собере сите играчи кај себе.

Незаборавните детски игри од маалските улици

Игра: Штркот бара боја

Краток опис: По кажувањето на одредена боја, оние кои се дел од играта мора да ја допрат таа боја.

Правила: Оваа игра најдобро функционира кога сите се облечени во многу бои. Оној кој ја води играта започнува со реченицата: „Штркот бара боја…“ На ова останатите го прашуваат: „Која која која…?“ Тогаш „штркот“ кажува одредена боја и останатите мора да ја допрат таа боја пред да ги допре тој нив. Доколку штркот допре некој од играчите, тогаш тој станува штрк и играта започнува од почеток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. wwjd Reply

    ubaviniiiiiiiii

  2. Христина Reply

    ејј со ластик најинтересно ми беше.. кој јаде кој јаде 😀

    иначе игравме и Жив.. слично на криенка само кога ќе најдеш некој го плукаш на рака, а ако некој те види од тие што се кријат, треба да те фати и да каже жив пред да го плукнеш и пак си ти на ред 😀

  3. Sanja Reply

    ahhhh da, da detstvo bas kako sto treba da izgleda, polno so igri, druzenje i smea :))))))))

  4. Иви Reply

    Лист, камен, ножички 😀

  5. Magi Reply

    koga eden zapochnuva rechenica ii drugite treba da ja prodolzhat povtoruvajkji gi predhodnite zborovi, ne mi teknuva kako se vikashe igrata 😀

Остави коментар