Неверојатно слатки фотографии од кучиња пред и по шишање

Грејс Чон се занимава со фотографирање животни. За него отсекогаш биле интересни кучињата пред и по нивното шишање. Фризурите што ги добиваат преслатките животни го менуваат нивниот лик речиси до непрепознатливост.

Јуки пред шишање

(16) Фризурата ги менува кучињата: Неверојатно слатки кучиња пред и по шишање

Јуки по шишање

„Откако ќе се средат влакната на кучето, се случува тие целосно да го сменат изгледот. Така дојдов до идеја да направам фотосесија што ќе ја потенцира оваа голема трансформација кај нив“, вели Чон.

Слатките кученца прво се фотографирани со долги влакна, а потоа специјалните фризери им прават неверојатни фризури и целосно го менуваат нивниот изглед, дури и за нивните сопственици. Како што истакнува Чон, ваквиот начин на шишање на кучињата е вообичаен во Јапонија. Таму постојат голем број специјализирани фризери за кучиња, кои со часови работат на една фризура, за да ја доведат до перфекција.

Теди пред новата фризура

Теди пред новата фризура

Теди сега може појасно да го гледа светот

Теди сега може појасно да го гледа светот

Овие кучиња модели се сликани во Лос Анџелес. Тие биле средувани од вештите раце на фризерите кои поминале обука кај јапонски специјалисти за фризури на кучиња. Погледнете ги неверојатно слатките кученца и нивните ПРЕД и ПОТОА фотографии и уверете се дека фризурата не ги менува само луѓето, туку и кучињата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар