Неверојатни роденденски занимливости

Неверојатни роденденски занимливости

Дали знаете колку тежи најголемата роденденска торта која некогаш била направена?

Неверојатни роденденски занимливости

  • Најмногу родендени има во август. Околу 9% од светската популација слави роденден во август. Веднаш по него следуваат јули и септември.
  • Секоја година во САД се испраќаат околу 2 милијарди роденденски честитки, односно 58% од вкупниот број на испратени честитки.
  • Најголемата роденденска торта била направена во 1989 година, по повод 100-годишнината од постоењето на градот Форт Пејн во Алабама. Тортата била тешка околу 58.167 килограми.
  • Најскапиот извод на родени е изводот на Пол Макартни, кој беше продаден на аукција во март, 1997 година, за сума од 84.146 американски долари.
  • Најпознатиот препев на песната „Среќен роденден“ беше интерпретиран од страна на Мерлин Монро, кога таа на 19 мај 1962 година во Медисон Сквер Гарден на претседателот Џон Кенеди му ја испеа песната „Среќен роденден, господине претседателе“ (“Happy Birthday, Mr. President”).

Неверојатни роденденски занимливости

  • Најскапата роденденска забава ја организирал Султанот од Брунеи да го прослави својот 50-ти роденден на 13 јули 1996 година. Забавата чинела 27,2 милиони долари, а во цената биле вклучени и три концерти на Мајкл Џексон за кои биле потрошени 16 милиони од вкупниот износ.
  • Вилијам Шекспир починал на 23 април 1616 година, на неговиот 52-ри роденден.
  • Првиот премиер на Индија, Џавахар Лал Нехру, е роден на 14 ноември. Овој ден се празнува како Ден на децата во Индија во спомен на љубовта на Нехру кон децата.
  • Најпознатиот дневник, „Дневникот на Ана Франк“, всушност бил подарок за нејзиниот 13-ти роденден.

Неверојатни роденденски занимливости

  • Од еден до друг роденден поминуваат 31.536.000 секунди.
  • Во периодот помеѓу два родендена косата расте за 12 см, а ноктите за 4 см.
  • Срцето чука 72–80 пати во минута, односно 42.075.900 пати од последниот до следниот роденден. Истовремено, срцето пумпа околу 280 литри крв секој час или 2.688.000 литри за една година.
  • За една минута човекот прави околу 30 вдишувања, што значи дека од вашиот последен роденден сте направиле околу 15.768.000 вдишувања.
  • Од роденден до роденден сонуваме просечно по 1.460 соништа.

Неверојатни роденденски занимливости

  • Од вашиот последен роденден, светската популација се зголемила за 76.570.430 луѓе, што значи дека додека го читате ова, се раѓаат просечно по 5 бебиња.
  • За време помеѓу 2 родендена, во светот се случуваат околу 50.000 земјотреси.
  • Времето кое минува од вашиот претходен до вашиот следен роденден е всушност времето кое ѝ е потребно на Земјата да го заврши своето патување околу Сонцето.

Неверојатни роденденски занимливости

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. sweet Reply

    Poslednoto mnogu mudro beshe

Остави коментар