Неверојатна оптичка илузија: Можете ли да го пронајдете мобилниот телефон на фотографијата?

Оптичката илузија со скриен мобилен телефон стана вистински хит во виртуелниот свет. Луѓе од целиот свет се обидуваат да го пронајдат на оваа фотографија со тепих и маса. Ќе успеете ли вие?

Сигурно веднаш ќе помислите дека не може да е којзнае колку тешко да се најде мобилен телефон на тепих и бела маса. Но, кога ќе почнете да ја проучувате фотографијата, ќе се соочите со многу незгодна ситуација.

Добро погледнете ја фотографијата на која има тепих и бела маса. Фотографијата со навистина брилијантна камуфлажа многу брзо стана вирална, токму затоа што е тешко да се пронајде мобилниот.

Неверојатна оптичка илузија: Можете ли да го пронајдете мобилниот телефон на сликата?

Доколку без помош успеавте да го пронајдете, можете да се пофалите со совршена моќ за забележување детали. За сите останати, погледнете го решението.

  • Решение

    Мобилниот се наоѓа веднаш до десната ногарка на масата, а ќе го видите кога ќе сфатите дека во тој дел се прекинува шарата на тепихот. Мобилниот е многу добро скриен затоа што има слична шара како тепихот, односно има беж цветови на темна подлога. Погледнете ја и фотографијата каде што тој е обележан и веднаш ќе можете да го забележите.

    Неверојатна оптичка илузија: Можете ли да го пронајдете мобилниот телефон на сликата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар