Необично, но вистинито: Во ова село кобрите се сметаат за домашни миленици!

Необично, но вистинито: Во ова село кобрите се сметаат за домашни миленици!

Скротувачите на змии кои седат на индиските улици и ги хипнотизираат кобрите со дувачки инструмент наречен пунги се вообичаена глетка во големите градови во Индија. Но, дури и во селата може да се види поврзаноста на локалното население со змиите кои имаат посебен статус во Индија.

Необично, но вистинито: Во ова село кобрите се сметаат за домашни миленици!

Во Махараштра, индиската сојузна држава на западот на земјата, која се наоѓа на брегот на Арапското Море, жителите на селото Шетфал чуваат змии како домашни миленици. И тоа не било која змија, туку застрашувачката индиска кобра. Кобрите се меѓу најотровните змии во светот, а нивниот отров е смртоносен: го парализира нервниот систем, дишењето и и ја попречува работата на мускулите.

Во ова село секоја куќа има своја змија и ја третира практично како член на семејството. Тие лазат насекаде, по куќите и улиците и можете да ги сретнете на секој чекор. Покрај змиите кои живеат во куќите, во Шетфал има и многу „залутани“ кобри кои селаните ги хранат. Во село каде што има повеќе змии отколку луѓе, вообичаена глетка е да се видат деца како си играат со кобри. А во куќите и змиите имаат свое катче, мал храм наречен девастан. Во него змиите јадат, спијат и се кријат од силното сонце.

Во Индија змиите се свети животни, тие имаат култен статус и духовно значење. Тие претставуваат повторно раѓање, смрт и смртност, бидејќи ја отфрлаат кожата и на тој начин „повторно се раѓаат“. Змиите се обожуваат во светилиштата, а Индијците им оставаат храна и цвеќиња како подарок пред статуите. Обожувањето на змиите вклучува и ритуали за кои се подготвуваат посебна храна од вода, млеко, ориз во прав и куркума. Еден од религиозните фестивали, Наг Панчами, е посветен на божествата на змиите и е посебен ден за кобрите кога Индијците им нудат млеко и им посветуваат посебно внимание.

Откако прочитавте за ова необично индиско село, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те егзотични места во Индија кои мора да ги посетите со вашата девојка.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар