Необичен тест на личноста кој ќе ви открие многу за вашата перцепција кон животот

Едно од основните правила на овој тест е да го пишувате она што го чувствувате и она што прво ќе ви падне напамет. Во ред е доколку имате исти одговори за различни прашања, но не читајте сè одеднаш. Одговарајте прашање по прашање и не се брзајте. Епа ајде, земете лист хартија и пенкало и започнете…

Необичен тест на личноста ќе ви открие многу за вашата перцепција кон животот

1. Вие гледате во море, како се чувствувате? Фокусирајте се на вашата прва импресија. Доколку сакате, можете дури и да ги затворите вашите очи со цел да можете подобро да ја почувствувате.

2. Вие шетате низ шума и разгледувате околу вас. Запишете како се чувствувате.

3. Што чувствувате кога гледате кон морски галеби кои летаат? Доколку можете, на ова прашање одговорете побрзо.

4. А што чувствувате за стадо коњи? Напишете го првото нешто што ќе ви падне напамет, без да размислувате премногу.

5. Вие сте во пустина, стоејќи покрај ѕид со мала дупка во него, низ која гледате оаза. Кој е вашиот следен чекор? Не ги запишувајте само вашите мисли и чувства, туку фокусирајте се и на оние нешта кои вие би ги презеле во ваква ситуација.

6. Вие сè уште сте во пустината, целосно истоштени, и одеднаш гледате бокал со вода. Повторно, вашата активност е важна за ова прашање. Можеби вашиот одговор ви звучи банален, но сепак запишете го.

7. Вие сте изгубени навечер во шума и гледате куќа со вклучени светла. Запишете што би направиле…

8. Вие сте во густа магла. Повторно, фокусирајте се на вашите дела и запишете го она што би го направиле во оваа ситуација.

 

  • Резултати

    1. Вашиот став кон животот, емоциите, сензациите.

    2. Начинот на кој се чувствувате во вашата фамилија.

    3. Вашиот став кон жените.

    4. Вашиот став кон мажите.

    5. Вашата основна животна стратегија и цели. Начинот на кој ги решавате вашите проблеми.

    6. Колку сте пребирливи во вашиот сексуален живот. Изборот на вашиот партнер.

    7. Вашата подготвеност за брак.

    8. Вашиот став кон смртта.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Мони Reply

    ме збуни малку осмото прашање. одговорот ми е, да стојам во место да не се изгубам.
    што кажува тоа за мојот став кон смртта?

Остави коментар