Необичен подарок: Поучна приказна за вистинската вредност на малите нешта во животот

Луѓето секогаш се стремат кон големи успеси и достигнувања и на тој начин забораваат да ги ценат малите нешта во животот кои всушност имаат огромна вредност. Така пропуштаат многу убави моменти и можности и ризикуваат да ја изгубат среќата. Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ви ги отвори очите…

Необичен подарок: Поучна приказна за вистинската вредност на малите нешта во животот

Во едно мало богато кралство, секое утро еден просјак му носел на кралот по едно јаболко и си одел без збор. Кралот, кој бил навикнат да добива многу поскапоцени подароци од тоа овошје, му се потсмевал на просјакот кога тој ќе си отидел.

Сите во кралството го имитирале однесувањето на кралот, бидејќи навистина не било во ред да не се постапува или размислува како крал.

Меѓутоа, просјакот не се обесхрабрувал и секое утро одново доаѓал и му го давал подарокот на кралот. Иако веќе му здодеало, кралот сепак го прифаќал подарокот и го ставал во една корпа со вештачка насмевка на лицето. Корпата веќе била полна и не можела да собере повеќе од овошјето што просјакот го носел со многу љубов, внимание и трпеливост.

Еден ден, омилениот мајмун на кралот земал едно јаболко и го загризал, па веднаш го фрлил пред кралот. Кралот со големо чудење забележал дијамант во овошјето.

Во истиот момент наредил да се отвори секое овошје од корпата и во секое јаболко нашол по еден дијамант. Зачуден, го повикал необичниот посетител и побарал објаснување. Тој му одговорил:

„Ви ги носев сите овие подароци за да сфатите дека животот секое утро ви носи посебен дар на кој заборавате поради сето ова богатство со коешто сте опкружени. Тој дар е секој нов ден.“

Многу работи делуваат значајни, но постои само едно нешто што ги надминува сите нив и се крие во сечие срце како дијамант: Тоа е насмевката што им ја даруваме на луѓето на кои им е потребна. Подаривте ли вие ваков подарок денеска?

Во продолжение прочитајте ја оваа трогателна приказна која ќе ве научи дека не треба да им судите на луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар