Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

Според Здруженијата за етичко постапување со животните, нарекувањето на животното за кое се грижите „милениче“ е навредливо. Според студијата објавена во Списанието за етика кон животните („Journal of Animal Ethics“), користењето на одредени зборови може да влијаат на начинот на кој тие се третираат.

Затоа тие предлагаат начини на кои треба да ги нарекувате вашите „крзнени пријатели“.

Зборот „милениче“ е навредлив

Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

Активистите за правата на животните велат дека не се користи зборот „миленичиња“ кога тој се однесува на животните за кои се грижите. Според нив, тоа е навредливо и звучи како вие да го поседувате животното. Сфаќањето дека вашите животински пријатели не се живи суштества, влијае на третманот на овие животни, па дури и на нивното однесување.

Ваквиот термин значи дека животното е ваша сопственост

Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

Активистите веруваат дека користењето на терминот „милениче“ асоцира на нежив предмет, па дури и на животно што е за еднократна употреба. Сепак, многу луѓе мислат дека животното е предмет и играчка. Во декември, на пример, многу луѓе добиваат кученца и мачиња како подарок, а во јануари вдомувачките центри за животни се преполни со овие отфрлени животни.

Терминот го потценува животното и го идентификува како нежив предмет

Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа ги навредува

Сите знаеме дека животните можат да мислат и чувствуваат, така што називот „миленичиња“ го намалува нивниот широк спектар на емоции, чувства и ментални способности и ги сведува на мали меки предмети што се чуваат и се користат на начин каков што „сопственикот“ посакува, објаснуваат престставници од оранизациите за заштита на животните.

„Придружник“ или „чувар на човекот“ е поинкузивен термин

Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

Домашните животни како мачките и кучињата ја разбираат вашата интонација, ги читаат вашите емоции и воопшто, ве разбираат кога разговарате со нив. Затоа, прилагодувањето на начинот на кој ги повикувате „вашите крзнени пријатели“ може да биде добра идеја.

Немојте вашите мачки или кучиња да ги нарекувате „миленичиња“, тоа е навредливо

На пример, кога животното го нарекувате „придружник“, па дури и го нарекувате со „тoj/таа“ наместо со „тоа“, вие го ставате животното на исто ниво како човекот. Ова ја зголемува важноста на животот на животното и во иднина, може да ги спречи случаите на напуштање. Исто така, тоа е добро и за едукација на децата, па и тие ќе разберат дека нивниот пријател има душа и чувствува, исто како и човекот.

Можеби сакате да дознаете и зошто вашето куче ја навалува главата додека му зборувате? Пристигна одговорот и на ова прашање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар