Не вечерва, мртва сум: Женските вилини коњчиња лажираат смрт за да ги избегнат превозбудените машки

Кога станува збор за техники за преживување, повеќето инсекти ја лажираат својата смрт за да избегаат од своите предатори. Но, кај вилините коњчиња нештата се малку поинакви. Тие глумат за да се ослободат од премногу ентузијастичните машки вилини коњчиња. Звучи урнебесно, но жените ширум целото животинско царство имаат исто искуство кога станува збор за мажите – тие како да не разбираат НЕ, па затоа и некои жени, како вилините коњчиња, мора да одглумат дека се мртви за да избегаат од некој Ромео.

Во студијата спроведена од страна на Еколошкото друштво на Америка, било откриено дека оваа ситуација не е толку ретка кога што претходно се мислело. Скоро 27 од 31 вид вилини коњчиња ја пробале истата тактика кога станува збор за избегнување на машки. Од нив, 21 успеале. Имало случаи кога нештата станувале малку непријатни, па машките вилини коњчиња немале проблем со парење со мртво вилино коњче без согласност.

Главниот истражувач на Универзитетот во Цирих, Расим Келифа, верува дека женските вилини коњчиња се екстремно итри. Додека машките одлетуваат, тие стануваат, се чистат и си продолжуваат по својот пат. И да бидеме искрени, сексот за овие инсекти не е воопшто лесен, бидејќи ако континуирано се практикува, може да се уништи нивниот репродуктивен тракт.

Целиот овој настан е многу изненадувачки. Но, тоа што е уште поинтересно е дека овој феномен не би забележан за време на експерименти – само во природата. Животинскиот свет е неверојатен, се согласувате?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар