Науката открива: Како треба да ги трошите парите за да бидете среќни?

Науката открива: Како треба да ги трошите парите за да бидете среќни?

Сите велат дека среќата не се купува со пари, но тоа не е сосема точно. Истражувањата покажале дека парите придонесуваат за генералното чувство на задоволство, но тоа како ги трошите парите е исто толку важно колку и количината на пари што ја имате. Имено, научниците истражувале како треба да ги трошите парите за да бидете среќни. Па, до каков заклучок дошле тие? Кога се работи за среќата, трошењето пари на искуства и други луѓе ќе ви донесе најголема среќа.

Науката открива: Како треба да ги трошите парите за да бидете среќни?

Парите можеби не се клучот за среќата, но во секој случај не е лошо да ги имате повеќе. Полесно е да се опуштите и да уживате во времето поминато со најблиските кога не треба да се грижите за тоа како ќе ги платите сметките. Во 2010 година, според едно истражување од Универзитетот Принстон, сумата од 70.000 евра е добитната бројка кога станува збор за среќата. Истражувачите дознале дека луѓето кои заработуваат помалку од оваа бројка годишно се понесреќни и дека секојдневната среќа на луѓето се зголемувала како што заработувачката се доближувала до 70.000 евра. Истражувањето исто така открило дека зголемената сума пари не е секогаш поврзана со зголемената среќа. Луѓето кои заработувале повеќе од 70.000 евра годишно не биле посреќни од луѓето чија заработувачка останала на истата сума од 70.000.

Секако дека среќата не зависи целосно од богатството што го поседувате. Сѐ зависи од тоа како ги трошите парите. Истражувањата покажале дека трошењето пари на искуства наместо на предмети, доведува до поголема среќа. Некои луѓе се двоумат дали да потрошат пари на минливи моменти како што се патувања или концерти, бидејќи материјалните работи траат многу подолго. Меѓутоа, доктор Томас Гилович, професор по психологија на Универзитетот Корнел објаснил дека искуствата нудат свој вид на постојаност и тие имаат поголемо влијание на нас од предметите.

„Нашите искуства сочинуваат поголем дел од нас за разлика од материјалните добра. Можеби вам навистина ви се допаѓаат материјалните работи. Можеби мислите дека вашиот личен идентитет е поврзан со тие предмети, но и покрај тоа, тие не се дел од вас. Од друга страна, пак, искуствата навистина се дел од вас“, објаснил Гилович.

Гилович исто така истакнал дека трошењето пари на искуства нѐ зближува со луѓето, а тоа влијае на среќата.

Интересно е тоа што едно истражување од 2014 година открило дека иако луѓето знаат дека трошењето пари на искуства води кон поголема среќа, тие сепак одлучуваат да ги потрошат парите на предмети. Во еден експеримент, истражувачите побарале од испитаниците да кажат како се чувствувале пред и по купувањето на одреден предмет. Пред купувањето, учесниците признале дека искуството би ги направило посреќни, но сепак решиле да го купат предметот, бидејќи сметале дека тоа би било поразумна финансиска одлука. Тие мислеле дека предметот има поголема „вредност“ затоа што има подолг рок на траење од искуството. Но, по набавката, тие го промениле мислењето. По купувањето на предметот, испитаниците откриле дека искуството сепак би имало поголема вредност за нив.

Од сето ова може да се заклучи дека кога бирате како да го потрошите вишокот пари, треба да се фокусирате на тоа колку среќа ќе добиете од сето тоа, а не колку долго ќе трае.

Освен тоа, ако сакате максимално да ги искористите парите за да бидете среќни, треба да ги трошите и на други луѓе. Истражувањата покажале дека трошењето пари на други луѓе ја зголемува среќата, бидејќи на тој начин вие остварувате пријателства и врски. Кога би имале убав автомобил и голема куќа на остров сосема сами, не би биле задоволни бидејќи би ви требале луѓе за да бидете среќни. Но, кога ќе го споделите сето тоа со друга личност, градите врска со неа, а тоа се нештата што носат вистинска среќа.

Среќата може да се купи со пари доколку ги трошите парите на искуства и на други луѓе. Ако можете да ги правите и двете работи одеднаш, на пример преку волонтирање и донирање, ќе можете да си ја зголемите среќата уште повеќе.

Во продолжение прочитајте кои нешта не можат да се купат со пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар