Науката открива: Алкохолот може да ја подобри вашата меморија

Науката открива: Алкохолот може да ја подобри вашата меморија

Се сеќавате на последниот пат кога сте се опијаниле? Постои голема веројатност дека сеќавањата ви се малку матни по вечерта помината во пиење алкохол. Токму затоа, откритијата од најновите истражувања можеби ќе ве изненадат.

Науката открива: Алкохолот може да ја подобри вашата меморија

Имено, истражувачите од Универзитетот во Ексетер откриле дека луѓето кои пијат алкохол полесно го запомнуваат она што го научиле.

Во истражувањето учествувале 88 луѓе кои биле поделени во 2 групи и на кои им била дадена задача со учење зборови. На првата група испитаници им било дозволено да пијат алкохол колку што сакаат, додека втората група морале да пијат само безалкохолни пијалаци. Наредниот ден, луѓето на кои им било дозволено да пијат алкохол покажале дека запомниле повеќе зборови од испитаниците кои останале трезни.

Причината за ова не е сосема јасна, но истражувачите претпоставуваат дека алкохолот го блокира учењето нови информации и на тој начин ново научените информации полесно преминуваат во долготрајната меморија

Да наздравиме за науката!

И покрај овие откритија, најдобро е да не претерувате со алкохолот. Доколку сепак ви се случи да испиете некоја чашка повеќе, прочитајте како да се ослободите од утринскиот мамурлак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар