Научниците за прв пат ја зголемиле човечката меморија со помош на мозочен имплант

Научниците за прв пат ја зголемиле човечката меморија со помош на мозочен имплант

Со сите научни истражувања за мозочните инпланти, прашање на време е кога овие направи ќе ги прошират нашите природни способности. Еден професор од Универзитетот во Јужна Калифорнија ја демонстрирал употребата на мозочен инплант за подобрување на човечката меморија.

Научниците за прв пат ја зголемиле човечката меморија со помош на мозочен имплант

Донг Сонг е професор по биомедицинско инженерство и неодамна ги претставил своите откритија за „протеза за меморија“. Ова е прва направа што успешно ја подобрила човечката меморија.

Со цел да ја тестира направата, Сонг имал помош од 20 волонтери на кои им биле вградени електроди за третирање епилепсија. Штом направата била вградена кај волонтерите, таа собирала податоци за нивната мозочна активност за време на тестови дизајнирани за стимулирање на краткотрајната и работната меморија. Истражувачите ја одредиле шемата поврзана со оптималниот перформанс на меморијата и ги користеле електродите за стимулирање на истата шема за понатамошните тестови.

Според истражувањата, ова стимулација ја подобрила краткотрајната меморија за 15%, а работната за околу 25%. Кога мозокот бил стимулиран по случаен избор, перформансот се влошил. Како што изјавил Сонг:

„Го пишуваме невронскиот код за да ја подобриме функцијата на меморијата. Ова не е направено досега.“

Иако подобрата меморија може да им биде корисна на студентите или на оние кои не можат да помнат имиња, оваа технологија ќе им го промени животот на луѓето кои страдаат од деменција или Алцхајмерова болест.

Бил Гејтс изјавил дека планира да инвестира речиси 100 милиони евра во истражувања за овие болести бидејќи тие се проблем кој само се влошува.

Возраста е најголемиот ризичен фактор за Алцхајмеровата болест и мнозинството од заболените се над 65 години. Со напредокот на медицината и продолжувањето на нашиот животен век, овој сегмент од популацијата драстично се зголемува. Се очекува до 2030-та година, 20% од населението на САД да има над 65 години, со ова зголемувајќи го бројот на заболени.

Овој пораст на потенцијални пациенти со деменција и Алцхајмерова болест влијае и финансиски и емоционално. Според Здружението за Алцхајмерова болест, колку посериозен е случајот со болеста, толку е почеста појавата на депресија кај луѓето кои се грижат за заболените и нивните семејства.

Се разбира, потребни се уште тестирања пред направата на Сонг да биде одобрена како третман за деменција и Алцхајмерова болест. Но, ако оваа технологија им помогне на пациентите да им се врати и само дел од изгубеното сеќавање, влијанието ќе биде почувствувано не само од пациентите, туку и од нивните сакани, а ќе се намалат и трошоците за лекување.

Додека чекаме направата да биде достапна и за нас, погледнете како да ја подобрите вашата меморија со оваа неверојатна техника.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар