Направете сами уникатен подарок: Посадете растенија во интересни садови

Бидете малку креативни и дајте им подароци на вашите најмили што ќе ги направите вие самите. Доколку познавате личност која сака растенија, со оваа идеја дефинитивно нема да погрешите! Она што ви е потребно нема да ве чини многу, затоа што сигурно го имате во вашиот дом, а е еден уникатен подарок кој многу ќе ги изненади оние околу вас.

Направете сами уникатен подарок: Посадете растенија во интересни садови

Еве што ви е потребно за оваа подготовка:
  • Сад по ваш избор
  • Маркер базиран на масло
  • Сукуленти
Начин на подготовка:

1. Користете ги маркерите базирани на масло за да нацртате лице на садот. Најпрво е препорачливо да го извежбате цртањето на ликот на лист хартија или пак да „жртвувате“ еден сад каде што ќе се тестирате.

Направете сами уникатен подарок: Посадете растенија во интересни садови

2. Откако ќе се исуши бојата, за да се осигурите дека таа ќе трае подолго, ставете го садот во рерна на околу 180 степени и печете триесетина минути. Исклучете ја рерната и оставете ги садовите сосема да се изладат за да го спречите нивното пукање.

Направете сами уникатен подарок: Посадете растенија во интересни садови

3. Потоа, додајте мали камења на дното од вашиот сад и ставете ги сукулентите или папратот. Користете земја за да ги пополните празнините.

Направете сами уникатен подарок: Посадете растенија во интересни садови

Па, веќе сте спремни да ги изненадите вашите најмили!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар