Направете сами: Сјајни снежни лампиони

Овие лампиони прекрасно би се вклопиле на вашата новогодишна елка, но може да ги користите и како декорација низ домот за да имате нешто што ќе ве потсетува на зимата и празниците. Она што е најдобро во врска со нив е тоа што може да ги направите сами.

12-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

Потребни материјали:
  • Пакување од мали балони
  • Конец за плетење
  • Бел течен лепак
  • Мал длабок сад
  • Светки

1-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

Постапка:

1. Надувајте ги балоните во посакуваната големина, а потоа почнете да ги обвиткувате со конецот за плетење, но внимавајте да има видливи празнини.

4-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 5-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 6-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

2. Ставете го лепакот во садот и разредете го со вода, а потоа натопувајте го балоните во него еден по еден така што да бидат целосно опфатени.

2-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 3-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 7-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 8-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

3. На крај, наросете ги светките за да го доловите тој посебен зимски сјај.

9-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

4. Оставете ги балоните да отстојат 24 часа, заврзете ги некаде и заборавете на нив. Откако лепакот ќе се исуши и стврдне, дупнете ги балоните. На горниот дел ставете украсни ленти за да можете да ги закачите.

10-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk11-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 12-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk 13-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар