Направете сами: Шизички дуксер со уста која се отвора на патент

Секој од нас има некој дуксер по дома кој е премногу едноставен за да се носи надвор, но премногу удобен за да се фрли. Корисникот Hellovillain на сајтот Instructables дошол до одлична идеја за претворање на старите обични дуксери во парче облека кое ќе обожавате да го носите.

1-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

Потребни материјали:
  • Патент
  • Ножици
  • Молив и хартија
  • Малку материјал во 3 бои
  • Соодветни конци
  • Игли
  • Шпенадли
  • Машина за шиење или вашите вешти раце

2-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

Постапка:

1. Нацртајте ги очите на парче хартија. Направете го истото со носот.

3-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

2. Исечете ги и наместете ги очите и носот на вашиот дуксер.

4-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

3.Исечете ги очите од материјалот што го одредивте за нив.

5-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

4. Не заборавајте ги зениците.

6-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

5. Зашијте сè заедно.

7-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

6. Со шпенадли наместете ги очите на дуксерот и така сошијте ги.

8-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

7. Исечете ја устата од материјалот и за неа зашијте ги забите.

9-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

8. Зашијте го патентот за устата (отворен).

10-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

9. Кога е затворена устата треба да изгледа како торбичка за моливи.

11-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

10. Засечете уста на дускерот.

12-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

11. Закачете ја патент-устата на дускерот со шпенадли и сошијте.

13-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

12. Готово! Уживајте во многуте погледи од вашите пријатели и од луѓето со кои ќе се разминувате на улица.

14-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk 15-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk 16-napravete-sami-shizichki-dukser-so-usta-koja-se-otvora-na-patent-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар