Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

Шеширите за на плажа никогаш не излегуваат од мода. Тие се практични и корисни, а истовремено се и впечатлив моден детаљ. Во комбинација со едноделен костим за капење и очила за сонце со мачкест облик ќе добиете шик моден аутфит. Ваквите шешири можете да го носите кога не сте на плажа – убаво одговараат со летни панталони и со лесни фустани. Во богатата понуда сигурно ќе најдете некој шешир којшто ви се допаѓа. Во последните неколку години многу се популарни шеширите со натписи, кои обично се со летни мотиви. Доколку сакате уникатен шешир, а притоа да останете во текот со модните трендови, вие можете и самите да го дизајнирате. Како? Дознајте во продолжение.

Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

За овој проект ќе ви бидат потребни:
  • Шешир
  • Леплива трака
  • Лепило за ткаенина
  • Ножици
  • Декоративна машна по избор

Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

Начин на подготовка:

Шеширот ставете го на рамна површина. Земете ја машната и пробувајте разни комбинации – натписот можете да го искреирате од целосната машна или да ја исечете на неколку пократки дела. Инспирација за фонтот можете да најдете на Интернет.

Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

Кога ќе го најдете вистинското место кое одговара за натписот, наместете ја декоративната машна според натписот, а на одредени места залепете ја со леплива трака за да не ви се измести. Потоа почнете да ја лепите машната на шеширот со лепилото за ткаенина. Откако ќе завршите со лепењето, извадете ја лепливата трака бидејќи повеќе не ви е потребно дополнително фиксирање.

Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

На овој начин вие ќе го освежите својот стар сламен шешир, а со малку пари и труд ќе добиете модно парче кое е целосен тренд ова лето. Зарем не изгледа прекрасно?

Направете сами: Персонализиран шешир за на плажа

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар