Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

Сигурно и вие секојдневно фрлате по неколку пластични шишиња, а притоа воопшто не ни помислувате дека можете да ги искористите за да направите прекрасни и корисни работи. Со само мало трпение и желба, од навидум некорисните работи, ќе создадете предмети што потоа ќе можете да ги употребувате секојдневно.

Земете какво било пластично шише. Отстранете го капачето и држете го над свеќа неколку секунди. Откако малку ќе се стопи пластиката, развлечете ја средината на капачето со стапче, а потоа исечете го врвот и ќе добиете одлично шише што ќе можете да го користите за различни намени.

(1) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

Доколку пак го пресечете шишето на половина и краевите ги стопите со помош на пегла, тоа ќе можете да го користите за складирање различни работи, како што се четки, пенкала и слично.

(2) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

Од старите шишиња исто така можете да направите и чаша со дршка, така што на шишето од страната ќе нацртате правоаголник, ќе го исечете задно со врвот, па ќе го завиткате надолу.

(3) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

Ако пак сѐ уште не го знаете стариот добар трик за користење на врвот од шишето, време е да го дознаете! Доволно е да го исечете, да го ставете во пластична кеса, да ја свиткате ќесата на пола па да го затворите капачето.

(4) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

Покрај другото, од старите шишиња можете да направите и саксија за цвеќе. Пресечете го шишето на половина, вметнете конец низ отворот, заврзете го и завртете го горниот дел во долниот, така што долу ќе ставите вода, а во горниот дел земја и ќе ја посадите билката.

(5) Наместо да ги фрлате старите пластични шишиња, направете корисни предмети од нив

За подетално да видите како можете да ги направите овие секојдневни и корисни работи, погледнете го видеото.

Сјајни идеи, зар не?

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар