Наместо да ги фрлате лушпите од јајцата, направете креда за цртање на тротоар

Наместо да ги фрлате лушпите од јајцата, направете креда за цртање на тротоар

Глобалната пандемија ги натера децата да ја ценат уметноста на играњето надвор, особено цртањето со креда. Ако беше распродадена во секој маркет и не можевте да го израдувате вашето дете – не плашете се! Можете да направите домашна креда! Полесно е од плетење џемпери, а методот вклучува состојка која сите ја имате дома. Станува збор за лушпите од јајцата.

Наместо да ги фрлате лушпите од јајцата, направете креда за цртање на тротоар

Потребни состојки:

  • 4-5 лушпи од јајца (сварете ги за да ги убиете микробите и извадете ја мембраната од внатрешноста, а потоа исушете ги)
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажичка топла вода
  • боја за храна
  • хартиени крпи

Начин на подготовка:

  1. Печете ги лушпите од јајца на 200 степени за да ги исушите.
  2. Ставете ги во блендер и блендирајте да се добие прав.
  3. Во еден сад измешајте ги брашното и водата додека не добиете леплива смеса.
  4. Додадете една лажица од лушпите и боја по избор. Измешајте и додавајте боја се додека не ја добиете посакуваната нијанса.
  5. Оформете ја кредата како што сакате. Ако тестото е премногу тешко за обликување, додадете топла вода.
  6. Повторете ја истата постапка и направете што е можно повеќе креди!
  7. На крајот, кредата треба да отстои или да се испече
  • Без печење: Ако не сакате да ја печете кредата, тогаш завиткајте ја во хартиена крпа и оставете ја да отстои 3 дена на ладно и суво место.
  • Со печење: Ставете ја кредата на хартија за печење и печете за 90 минути на 150 степени. Пред да ја користите кредата, оставете ја да отстои 24 часа

Уживајте во цртањето со вашата креда на тротоарот (избегнувајте табла за цртање, бидејќи оваа креда ќе остави гребеници!). Ако кредата сè уште се рони, почекајте уште еден ден.

Пробајте да направите и домашен пластилин со вашите деца.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар