Најубавата плажа во светот

Најубавата плажа во светот

Плажата „Whitehaven“ е дефинитивно најубавата плажа во светот. Се наоѓа на островот Whitsunday, североисточно од Австралија. Оваа плажа мора да се види, пред сè поради кристално чистата вода и снежно-белиот песок кој едноставно мами да го допрете и почувствувате.

Оваа неодолива плажа се протега во должина од 7 километри. Само што ќе пристигнете и ќе ја видите, ќе знаете зошто е една од најфотографираните плажи во светот. Има добиено повеќе награди, за најубава плажа, најпријателска плажа, а во 2010 година го доби признанието за нај-еко плажа од CNN.

Покрај неверојатно проѕирната вода, оваа плажа е позната и по песокот кој има снежно-бела боја. Тајната за оваа боја лежи во составот на песокот, кој содржи дури 98% силициум диоксид. За разлика од обичниот песок, овој песок не задржува топлина, така што слободно можете да се опуштите и да пешачите на плажата со саати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар