Најсовршеното место за реклама

Најсовршеното место за реклама

Весникот „Мумбаи мирор“ (Mumbai Mirror) нашол совршено место за реклама на популарниот бренд „Лакост“. Ја сместил веднаш до веста „15.000 крокодили избегале од фарма во Јужна Африка“. Генијално!

Најсовршеното место за реклама

Толку многу е оригинална идејата што ќе помислите дека брендот навистина замешал прсти во исчезнувањето на рептилите, кое всушност е последица на обилните дождови и големите поплави. Тие избегале од фармата „Раквена“ во Африка, кога сопствениците за да спречат уривање на објектот, биле приморани да ги отворат вратите.

Дел од крокодилите се пронајдени и вратени назад, но дел сè уште слободно се шетаат и претставуваат опасност за населението. Рептил бил пронајден и во близина на училиште.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар