Најшареното езеро во светот: Нереална убавина што може да ја создаде само природата

Многумина веднаш помислуваат дека ова се обоени камења, но единствениот сликар тука е природата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Montana Photography 🌲 (@capture.montana) on

Во американската држава Монтана, на самата граница со Канада, се наоѓа познатиот Национален парк „Глечер“, во кој има стотици поголеми и помали езера со неверојатно чиста и проѕирна вода. Таквата проѕирност, до длабочина од неколку метри, се должи на релативно ниските температури во текот на годината, поради што нема планктон.

Најголемото езеро е Мекдоналд, со површина од 27 квадратни километри. Долго е 15 километри и длабоко 141 метар.

Друга необична работа се шарените камења на западниот брег на езерото. Боите варираат од светлоцрвена до зелена и сина и се наоѓаат покрај брегот. Бојата на камењата зависи од присуството или отсуството на железо, односно од количината на оксидација.

Секоја боја има свое образложение: црвената значи дека каменот се наоѓал плитко во водата и почесто бил изложен на воздух. Зелената боја значи дека каменот се наоѓал подлабоко во водата и бил помалку изложен на воздух.

Разнобојноста на камењата во комбинација со беспрекорно чистата вода на брегот привлекува илјадници посетители, а во продолжение погледнете ги овие фотографии што можеби ќе ве натераат да посакате да го посетите ова место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nature / Travel Pictures (@naturetravelshots) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Devin Beahm (@dbeahm) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Journey Overload (@journeyoverload) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Devin Beahm (@dbeahm) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tianna (@tfd_74) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Only In Montana (@only.in.montana) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Randy Charrette (@randycharrette) on

Погледнете кои неверојатни земји во Африка треба да ги посетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар