Најпознати видови црвено вино

Најпознати видови црвено вино

Црвеното вино спаѓа во сортата вина направени од темно грозје. Неговата боја може да варира од виолетова – типична за младите вина, црвена за зрели вина и темно црвена кон кафена за стари вина. За виното со сигурност е точно тоа дека колку е постаро толку е повкусно и повеќе вреди.

Најпознати видови црвено вино

Во пресрет на Св. Трифун – заштитникот на винарите и лозјето, ви ги претставуваме осумте најпознати видови црвено вино.

1. Syrah или Shiraz  (Сирах или Шираз) – Најпознати места каде се одгледува лозјето за производство на ова вино се: Калифорнија, Австралија и познатата винска долина на Рона во Јужна Франција. Виното има вкус на црни плодови како црна рибизла, а неговиот прекрасен вкус не е само поради овошјето од кое се прави, туку многу придонесуваат и дабовите буриња каде се чува. Ова вино најдобро оди со пилешко, телешко, дивеч и разни видови чорби.

2. Merlot (Мерлот) – лесно и пивко црвено вино кое може да го консумирате со секаква храна. Најпознати региони за негово производство се: Италија, Романија, Калифорнија, Чиле итн. Има типичен вкус на сортно вино со мирис на црни цреши, сливи и билки.

3. Cabaret Sauvignon (Каберне Совињон) – една од светски најпознатите и најдобри сорти вино. Најприкладно е да се консумира со црвено месо. Грозјето за негова подготовка расте на сите типични места за одгледување темно грозје, како Франција и Австралија. Во неговиот вкус се чувствуваат тонови на ванила.

Најпознати видови црвено вино

4. Malbec (Малбек) – оваа врста традиционално има корени од Францускиот регион Бордо. Се одгледува во Аргентина каде расте најпопуларната црвена сорта грозје, а исто така го има и во Чиле, Австралија и во посеверните подрачја на Калифорнија. Неговите карактеристики се разликуваат зависно од тоа како и каде се одгледува. Општо гледано овој вид спаѓа во лесен стил на вина, со вкус на сливи и јагоди. Оди одлично во комбинација со секаков вид оброци со месо. Малбек често се меша со други видови вино, како Каберне Франк, Каберне Совињон, Мерлот… Овие мешавини често носат многу здравствени придобивки.

5. Pinot noir (Пино Ноар) – едно од најблагородните црвени вина. Ова вино е потешко за одгледување и производство, а ретко се меша со други вина. Одлично оди со лосос на скара, пилешко, јагнешко, како и јапонски јадења, особено суши. Најпознати региони на производство се: Франција, Австралија, Нов Зеланд, Калифорнија и Орегон. Има овошна арома на цреши, јагоди и сливи.

6. Zinfandel (Зинфандел) – Типичен вкус на сортно вино збогатен со зрнести овошја. Ова е најразноврсна сорта вино со тонови на румено вино, па сè до поинтензивни црвени нијанси. Се консумира со тестенини со доматен сос, пица и скара.

Најпознати видови црвено вино

7. Sangiovese (Санџовезе) – Оригинално потекнува од Италија и е одличен избор на вино за со италијанска храна или со која било друга медитеранска кујна. Додека го консумирате можете да го почувствувате вкусот на слива и зрнести овошни плодови.

8. Barbera (Барбера) – можеби не толку популарно како Мерлот, но со слични карактеристики. Се совпаѓа со многу јадења вклучувајќи разни сосови од домати. Виното е со италијанско потекло и има сочно црвена боја, вкус на цреша и слива, свилена текстура и одлична киселост.

За крај, без разлика дали ќе го прославувате Св. Трифун или Св. Валентин, направете комбинација од двете и со саканата личност напијте се чаша добро црвено вино!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар